Музичарката и хуманитарката Кристина Арнаудова со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги разликите“ вели дека во неволја и сиромаштија никој не те прашува што си.
„Јас не сум само дел од оваа иницијатива, јас го живеам тој живот секој ден, она што го работам како хуманитарен работник во проектот „Среќа“, во комуникацијата со донаторите. На пример, имавме ситуација во која што донатор сакаше да ја делиме помошта само на христијански семејства. Јас тоа го одбив веднаш. Исто така, како што не сметам дека муслимански семејства треба да делат помош само на муслимани, значи ние сите сме луѓе и тука во неволјата, во сиромаштијата, никој не прашува дали си ти муслиман, дали си православен, дали си будист, итн“, истакна Арнаудова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети