Неформална група Аеродромци денеска во 17 часот ќе се соберат пред „Мајчин дом“ за да го изразат својот револт од урбанистичкиот хаос кој со години им се заканува на зелените површини во општината.
„Afterwork забава за сите оние кои навистина се грижат за својата општина.
Идејата е преку фудбал да го изразиме нашиот револт против уништувањето на зеленилото пред Мајчин дом. Добредојдени се сите кои сакаат почиста и позелена општина.“, стои во повикот на Аеродромци.
Оваа иницијатива произлезе од последните информации во јавноста дека деветкатницата предвидена со спорниот ДУП кој го донесе поранешниот градоначалник Ивица Коневски, сепак ќе се гради.
Од општина Аеродром, соопштија дека се обидуваат да изнајдат начин да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, но досега не најавија конкретни предлози, иако сегашниот градоначалник во предизборната кампања му понуди можни решенија на својот противник Коневски.
М. И.