• Latest

Арсовски: Очекувам новата влада да биде нестабилна и без комотност вo мандатот за спроведување на суштински реформи

August 4, 2020

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Арсовски: Очекувам новата влада да биде нестабилна и без комотност вo мандатот за спроведување на суштински реформи

August 4, 2020 14:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на одржување на Конститутивната седница во Собранието, ЦИВИЛ Медиа разговараше со политичкиот аналитичар Петар Арсовски, за неговите видувања од спроведувањето на изборниот проце, формирањето на идната влада, како и очекувањата во спроведување на реформите што се неопходни за евроинтеграциите на земјата.

ЦИВИЛ Медиа: Ваша оценка за изминатиот изборен процес и прогнози за формирањето и функционирањето на идната влада… Кои се вашите очекувања?

Арсовски: Што се однесува до изборниот процес, тој беше релативно пристоен, но постојат сè уште забелешки што не се расчистени. Јавноста уште очекува одговор за хакирањето и на страницата на ДИК и на серверот на ДИК. Додека не се расчистат сите овие обвинувања не можеме да заклучиме како бил изборниот процес. Важно е да се расчистат тие работи, бидејќи земја која е членка на НАТО и претендира дап очне преговори со ЕУ, мора да ги расчисти тие нерегуларности, доколку постоеле, до крај.

Што се однесува до Владата и тука е рано да се предвидува. Мислам дека денешната конститутивна седница на Собранието без никакви политички одлуки. Ниту ќе се избере Комисија, ниту ќе се избере претседател на Собрание, бидејќи партиите најавија дека допрва ќе ги започнуваат преговорите за  Влада, така што и за тоа ќе треба да почекаме да видиме како ќе се одвиваат работите…

Значи, изборниот процес помина генерално ок. Имавме забелешки што треба да се расчистат, но треба да бидеме подготвени на фактот дека сме дека сме ги спроведувале изборите во една ненормална ситуација. Во таа смисла и одзивот не беше катастрофален, беше пристоен, не може да се забележи на легитимноста на резултатите со таквиот одѕив. Така што мислам дека никој нема политичка волја ниту пак желба кај критичката јавност ниту кај политичарите да се проблематизира уште изборниот процес. Мислам дека сите сакаат што побрзо да се заврши и да се реституираат институциите кои се неопходни за справување со кризата. Така што каков и да бил процесот и какви и да биле забелешките сега е тоа завршена работа.

ЦИВИЛ Медиа: Што очекувате од новата Влада, независно како ќе се формира, во услови коишто и се наметнати, постои можност да ги спорведе целосно реформите што се потребни, од она каде што застана, во однос на членстовото во ЕУ?

Арсовски: Тешко ќе биде да се спроведуваат реформите, особено оние што се однесуваат на владеење на правото во ваква констелација на односите. По сè изгледа дека наредната влада, каква и да биде таа, ќе биде нестабилна и дека нема да биде комотна многу во својот мандат што е предуслов за спроведување на посуштински реформи. Мислам дека не очекува еден мачен политички период и со паднемијата и со нестабилната политичка ситуација во Македонија и со големите предизвици што не чекаат и за да ги почнеме преговорите и откако ќе ги почнеме преговорите. Очекувам дека наредната влада, која и да биде таа, ќе се помачи малку.

Биљана Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ