Несомнено е дека различностите се предизвик и богатство. Во уметноста и културата поради тоа што се збогатува изборот и можностите на уметникот. Во историјата имаме многу такви примери, во музиката, литературата, сликарството. Да се осознае светот, личностите и светот е една многу голема предност на секој уметник, истакна Перо Арсовски на панел дискусија на ЦИВИЛ за општествената одговорност на интелектуалците и уметниците во промовирањето на различностите и европските вредности
Нашата должност како јавни личности, како луѓе кон кои е вперено вниманието, сме одговорни за се што ќе кажеме се што ќе советуваме и мораме да бидеме мудри и претпазливи со какви последици ќе се соочиме. Има и негативни примери, но тоа се луѓе кои се водени од некои темни мотиви. Јас не ги разбирам и треба да се земат како лош пример во историја.
Различностите е богатства кои се тука околу нас не смееме да ги оставиме неоткриени и не запознаени.