ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ денеска (среда, 26 мај) во хотел Парк Резиденс (сала Њујорк), со почеток во 13 часот. Настанот ќе трае 60 минути.
Учесници на настанот ќе бидат првиот вицепремиер, Артан Груби, и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на можностите, политиките и практиките на национално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот во земјата.
Понатаму, ќе се осврнеме и на тоа дали и колку Охридскиот договор е имплементиран во изминатите 20 години, како и на тоа како и во која мерка се спроведува Стратегијата „Едно општество за сите“.
Настанот ќе трае 45 минути и ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и видео каналот на ЦИВИЛ. Настанот ќе се одржи без публика, но дозволено е присуство на ТВ екипи, со строго придржување на протоколите за заштита од Ковид-19.
Работниот јазик на настанот е на македонски јазик но сите материјали потоа ќе бидат достапни на македонски, албански и англиски јазик.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.
Преземањето на содржините е добредојдено, според лиценцата Creative Commons 4.0.
ЦИВИЛ