На Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, Стејт департментот ги назначи Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Северна Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд во Северна Македонија за нивната вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК).
Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.
По повод најновите назначувања на Стејт департментот, на социјалните мрежи се огласи и амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер.
Today’s designation of Artan Grubi and Enver Bexheti is evidence that political interference in the judiciary cannot – and will not – be tolerated. The United States will continue to name those who engage in significant corruption that undermines democratic institutions and…
— Ambassador Angela Aggeler (@USAmbNMacedonia) December 9, 2024
„Денешното naзначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може и нема да биде толерирано. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција бидејќи тоа ги поткопува демократските институции и ја разјадува довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е неопходна за напредок“, напиша амбасадорката Агелер на Х.
М. Д.