• Latest

Атак врз слободата на говорот – жесток удар врз демократијата

May 3, 2016
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Атак врз слободата на говорот – жесток удар врз демократијата

May 3, 2016 13:32
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет ипет години македонска независност, дваесет и две новинарско искуство и 15 години трауми, неправди, цензури, закани од одредени структури, репрезенти на државни институции, но и на служби за обезбедување, отказни решенија, социјална неправда на патот кон непрекинатата борба за слобода на говор, борба за правда, опстанок, борба за слободно новинарство, засновано само врз начелата на објективно, балансирано, вистинито и точно информирање на јавноста!

Пишува: Моника Талеска
Пишува: Моника Талеска

Вака најкусо можам да го опишам мојот пат во новинарството сите овие години, во кои два пати добив отказни решенија, а во три наврати, медиуми во кои работев како уредник на одредени рубрики или редовен дописник ми ја прекинаа соработката, само и само затоа што не можам да се пазарам со себе и новинарството. Затоа што не е дезинформација да кажете дека „ќе се имплементираат мерки за поттикнување на невработеноста“, но чиста проституција на духот и професионалноста е да тврдите дека „невработеноста енормно се намалува“.

И отказните решенија, (ослободени со свесноста за нескротливата слобода на духот, креативноста, широчината на мислата, скршените синџири на зависноста и мирен сон без борби со совеста и срамот, и покрај предзнакот на економската неизвесност, зашто и ние новинарите сме граѓани со семејства) во овие услови на распарчена демократија, на атак врз сите граѓански слободи, на насилство врз јавното мислење, медиумска дезинформираност до степен на перверзија на говорот и мислата, впрочем се идеална привилегија.

Само вака, чесно и совршено јасно е исцртана црвената линија, меѓу нас новинарите-борци за слобода на говор, од „тивките послушници“ кои секој ден го полнат со страв од неизвесноста и заканите кога максимите на нивните претпоставени „ако не ти одговара, оди си, има замена и за тебе“, ќе станат реалност.

Денеска, на Светскиот ден на медиумските слободи, повеќе од кога и да било, посакувам сите новинари во Македонија, (државата во која метастазите нараснаа до таа мера, што новинарството е сведок на сопствениот погреб) гордо да се исправиме, да ги кренеме перата високо, застанувајќи на браникот на демократското, слободно, објективно, навремено информирање на јавноста.

Бидејќи Македонија, и натаму ќе стои на перонот, каде веќе не запира ниту еден воз кон демократската иднина и развој. Затоа #Протестирам!

Tags: демократијаМедиуминовинарислобода на говор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ