Предлог-одлуки за одземање дозволи на радиодифузери е една од точките на дневниот ред на денешната 11. седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Две од точките се однесуваат на ТВ 24. Агенцијата ќе расправа за Предлог-заклучок во врска со констатациите од увидот во документите за регистрација на правните лица коишто се основачи на ТВ 24 Вести од Штип и Предлог-одлука за поведување постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип.
На седницата ќе се расправа и за предлози за запирање на покренати постапки за одземање на дозволи на радиодифузери.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.