• Latest

Јавниот сектор да ги внесе податоците во регистарот, инаку не ќе може да исплаќа плата

February 22, 2018
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавниот сектор да ги внесе податоците во регистарот, инаку не ќе може да исплаќа плата

February 22, 2018 12:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Институциите од јавниот сектор имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во инфоматичкиот систем за управување за човечки ресурси бидејќи во спротивно може да се доведат во ситуација да не можат да им исплатат плата на вработените чии податоци не се внесени.

Тоа значи дека доколку институцијата ги нема внесено податоците за вработените во регистарот на Министерството за јавна администрација, при поднесувањето на пресметките за плата ќе се појави грешка во системот на Управата за јавни приходи поради што не ќе може да ја исплатат платата.

– Препорачуваме пред да започне примената на новите законски одредби односно во претстојните три месеци работодавачите од јавниот сектор да извршат целосно пополнување на податоците во регистарот со што ќе се избегне појава на грешка при вршењето на контролата на податоците од страна на УЈП, појасни директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната заедничка прес-конференција со министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски.

Од вкупно 1.303 институции од јавниот сектор, 259 немаат внесени податоци. Од нив, 173 институции немаат побарано согласност од МИОА и немаат активна систематизација, а 86 не внеле податоци за вработените иако имаат одобрена систематизација.

– Целосно ажуриран и пополнет регистар ќе даде јасна слика за моменталната состојба во администрацијата, за бројот на слободни работни места, старосната структура, бројот на лица кои се пред пензија и многу други податоци. За пополнувањето на слободните работни места ќе може да се најде соодветен кадар  кој ги исполнува потребните критериуми и ќе може да се превземе од трансфер листата. МИОА нема за цел да ги казнува институциите, но мора да обезбедиме регистар што конечно ќе ги содржи сите информации и ќе ја исполни улогата за која е скапо платен, рече министерот Манчевски.

Тој додаде дека регистарот, што е воспоставен пред две години, и за кој биле платени два милиона и 153 илјади евра, не ги дава потребните информации бидејќи не бил дизајниран да го дава бројот на вработени.

– Тоа не се барало. Во времето кога системот е правен, тоа било државна тајна, рече Манчевски.

Во следниот период секој вработен ќе има пристап до регистарот и ќе може да провери дали се внесени неговите податоци, ќе се организираат дополнителни обуки за институциите од јавниот сектор, ќе се побара реакција од Државниот управен инспекторат за раководителите на институциите кои не ги внеле податоците, а на веб страницата на МИОА ќе бидат објавени сите оние институции кои ги немаат внесени податоците во регистарот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: администрацијаМИОА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ