На Електронскиот систем за јавни набавки отсега ќе се објавуваат и доделените договори со цел јавноста да има увид во нив и да се зголеми транспаретноста со јавните набавки.
„Договорите ќе бидат достапни во рамките на самите известувања за склучена набавка. По спроведување на набавките договорите ќе се објавуваат на следниот линк: https://e-nabavki. gov. mk/ PublicAccess/ Home.aspx#/home,“ се вели во соопштението од Министерството за финансии.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.