-Законот за амнестија веќе го најавив како предлог нацрт закон кој е изготвен во Министерството за правда. Станува збор за олеснување и ослободување на казнено поправните установи. Во овие дела кои се опфатени, нема да станува збор за тешки дела, туку за лесни дела и олеснителни дела изјави заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.
Овој Закон за амнестија, смета заменик министерката, е една од алтернативите кои се даваат за да се растеретат казнено проправните установи. Освен тоа додава Аврамовска Мадиќ, ќе се превземат и други мерки од страна на судовите како што се условен отпуст и намалување на т условни казни. Сето тоа потенцира таа ќе се однесува само за мали кривични дела.