Германската министерка за Европа и климатски прашања, Ана Лирман, синоќа во Сараево потврди дека Германија и Австрија воведоа забрана за влез на раководството на Република Српска (РС), вклучително и на претседателот Милорад Додик, како и дека инфраструктурните проекти што беа планирани за РС се замрзнати, пренесе Н1.
„Последниве месеци беа поминати одредени црвени линии и затоа Европската унија (ЕУ) јасно стави до знаење дека таквото однесување нема да се толерира“, рече германскиот министер.
ЕУ, додаде таа, инсистира на почитување на уставниот поредок во БиХ и нема да ја поддржи владата што дејствува против европскиот пат на земјата.
Истакнувајќи дека Германија претходно ги суспендираше средствата наменети за инфраструктурни проекти во РС, Ана Леарман оцени дека таквите мерки се неопходни, бидејќи властите на овој субјект отворено се противат на евроинтеграциите.
Д. Т.