Изложбата насловена „Црнила“ на Ладислав Цветковски ќе биде отворена за посетители до крајот на јануари, во Мултимедиjалниот центар „Мала станица“ при Националната галерија на Македонија.
Изложбата е на авторски плакати на проф. М-р Ладислав Цветковски, како дел од неговиот уметнички проект „My Comments“, од циклусот „Црнила“.
Цветковски е мотивиран од енергијата на студентските протести и инспириран од случувањата во Македонија, тој го објавува плакатот „Црнила“ на својот блог и фејсбук-профил.
Циклусот „Црнила“ е работен до 31 октомври 2017 и се создадени 177 авторски дигитални плакати, од кои 3 се анимирани.
А. П.