На втори декември, ден пред одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост ќе биде промовирана книгата „Гуш и Бац“, која ќе биде пропратена со изложба на илустрациите од истата. Во неа се содржани зборовите на Ерато кои се преведени на 19 јазици и илустрирани од 33 креативни луѓе. Изложбата ќе биде од 02 до 05 декември, од 19 часот во Чифте Амам, во старата Скопска чаршија.
„Целта на хуманитарниот настан е подигнување на свеста за аутизмот и интергација на лицата и децата со оваа состојба во општеството. Вистинско богатство е да се има пријатели кои искрено и со голем ентузијазам учествуваа во креирањето на овој проект. Им благодарам на сите кои ми помогнаа и поддржаа, или што би рекла Ерато „Бац МаКнигата“, вели Зоран Кардула.
Илустрациите ќе се продаваат, а средствата ќе бидат наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не може да си го дозволат тоа.
Модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески, додека за музиката ќе се погрижи DJ Соња Исмаил Огненоска.
Д. Муратов