Во тек на процесот за импичмент на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, поради многубројните обвинувања за поттик на бунт и насилното влегување во Конгресот, сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, истакна дека неговиот фокус останува во борбата против глобалната пандемија, а не на следењето на судскиот процес на Трамп.
-Веќе реков, имам работа. Досега изгубивме над 450.000 луѓе од корона вирусот и ќе изгубиме многу повеќе доколку не дејствуваме брзо и решително. Многу деца легнуваат гладни, многу семејства не се осигурени кога станува збор за храната. Тоа е мојата работа, изјави Бајден.