• Latest

Бајден и Блинкен го честитаа Денот на независноста на Украина

August 24, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Блинкен го честитаа Денот на независноста на Украина

August 24, 2023 19:59
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден и државниот секретар Етони Блинкен денеска упатија честитки до украинскиот народ и раководството на земјата по повод 32-годишнината од прогласувањето на независноста.

„Денеска, народот на Украина повторно го одбележува Денот на независноста, додека го трпи сеопфатниот напад на посакуваната војна на Путин за земја и моќ. Осумнаесет месеци, украинските семејства живеат под секојдневна закана од руски ракети и реалноста на брутални напади. Но, народот на Украина одби да се скрши“, наведе американскиот претседател во честитката.

На овој Ден на независноста храбрите Украинки и Укранци ја бранат земјата од напади врз основните принципи за секоја нација на планетата – суверенитетот и територијалниот интегритет.

„Тие уште еднаш му покажуваат на светот дека вреди да се бориме за слободата“, потенцира Бајден.

„Независноста значи слобода да ја изберете сопствената иднина. Тоа е скапоцено. Секоја година, на 4-ти јули, Американците го слават нашиот Ден на независноста како време за сеќавање на цената што ја плативме за нашата слобода и сите благослови што произлегуваат од неа. Така, денеска, додека Путин ја продолжува својата брутална војна за да ја избрише независноста на Украина и со сила да ја пречкрта картата на нашиот свет, Американците ширум земјата стојат обединети со народот на Украина“, изјави американскиот претседател и додаде дека САД ќе ја продолжат работата, заедно со партнерите од целиот свет, за поддршка на способноста на Украина да се одбрани од руската агресија, да ги поддржува основните принципи на Повелбата на ОН и да му помогне на украинскиот народ да изгради безбедна, просперитетна и независна иднина што ја заслужуваат.

На крајот од честитката претседате,лот Бајден изрази искрена надеж дека следната година Украинците ќе можат да го прослават Денот на независноста во мир и безбедност, знаејќи како нивната извонредна храброст го инспирираше светот.

„Нека Денот на независноста на Украина биде потсетник дека силите на темнината и доминацијата никогаш нема да го изгаснат пламенот на слободата што живее во срцата на слободните луѓе насекаде“.

Државниот секретар Блинкен, од друга страна, Денот на незавинсота на Украина и го честита преку платформата Х , на која напиша „додека Украина слави 32 години како независна држава, ја пофалуваме вашата издржливост, решителност и лојалност кон вашата прекрасна земја. Додека продолжувате да се борите за вашата независност, нашата поддршка нема да биде поколебана“.

Tags: БајденБлинкенУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ