• Latest
Американскиот претседател Џо Бајден Фото: Whitehouse

Бајден на сцената на манипулиран политички театар: Глупавоста што ја убива демократијата

July 13, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бајден на сцената на манипулиран политички театар: Глупавоста што ја убива демократијата

July 13, 2024 15:09
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Американскиот претседател Џо Бајден Фото: Whitehouse

Американскиот претседател Џо Бајден Фото: Whitehouse

Share on FacebookShare on Twitter

                                                                                       ЏАБИР ДЕРАЛА

Дискурсот кој се одвива околу перформансот на претседателот Бајден целосно ја пропушта поентата. Сто проценти.

Сега не слушаат што тој кажува, туку како звучи и оди и колку зборови и имиња меша или пелтечи! Холивудската ѕвезда, Клуни, истакнат демократ, се чини дека е многу среќен што конечно ќе добие улога во ова ефтино реално шоу, ликувајќу во самосожалувачки, претеран „еб-н“ подвиг во The New York Times. Каква глума!

Демократите извршуваат патетично самоубиство во живо на сцената. Патетично!

Каква глупава претстава, како да е напишана од мал провинциски писател. Оваа претстава ја разоткрива најлошата можна политичка болест на незрелоста и кратковидоста. А замаениот и заглупавениот ТикТок свет гледа со смешна воодушевеност.

Ова не е, и веројатно никогаш не било, приказна исклучиво за возраста, физичката и менталната способност на американскиот претседател Џо Бајден. Ова е приказна за тоа како се убива демократијата од глупавоста, поривот да се биде во центарот на внимание и површното размислување. Речиси изгледа како атентатот на Курија Помпеја, иако не буквално, што на крајот и не прави голема разлика.

Лидерите на некои од најмоќните демократии во светот кои учествуваа на клучниот самит на НАТО во Вашингтон, одбележувајќи ја 75-годишнината од најмоќниот политички и воен сојуз на сите времиња, сведочат за тоа што сопствените политички сојузници на Бајден дома не гледаат или не сакаат да видат.

Како што извести Би-Би-Си, францускиот претседател Макрон рече дека Бајден е „одговорен“ и „јасен за прашањата што добро ги знае“, додека британскиот премиер Стармер рече дека е „во добра форма“. „Се случуваат лапсуси и ако секогаш ги следите сите, ќе најдете доволно од нив“, рече германскиот канцелар Шолц, цитиран во истиот напис на Би-Би-Си.

Но, не, ова не беше ни далеку од доволно. По прес конференцијата која го финализираше клучниот самит на НАТО (ЛИНК до транскриптот – прочитајте го побогу!), уште тројца демократи се приклучија на групата на оние кои јавно и лелекајќи бараат Бајден да се повлече од претседателската трка.

Ова мега одвлекување на вниманието е толку „еб-но“ болно евидентно во настаните и медиумската покриеност на неодамнешниот самит на НАТО.

Значи, заклучоците и пораките на НАТО, со сите оние лидери согласни и сите горливи теми кои се во прашање, едноставно беа засенети од „големото“ прашање за состојбата на г-дин Бајден. Зошто никој не слуша што кажува тој (без сценарио)? Светските медиуми, исто така, играат улога, поточно, неславна улога овде. Се чини дека претпочитаат да водат извештаи во стилот на сапуница наместо да ги покриваат вистинските прашања на самитот. Ова се весели времиња за инфо-забавната индустрија.

За жал, ова политичко и медиумско лудило не само што го поткопува Бајден, туку открива многу подлабоко прашање што влијае на демократијата на САД и во светот.

Финтата е што сега, без разлика како ќе се одвиваат работите, штетата е направена, и тоа глупаво. Доколку Бајден остане во изборната трка, тој ќе мора да се натпреварува со противкандидат чии лаги се засилени и несанкционирани од јавноста. Тој ќе треба да се спротивстави на непотребната штета предизвикана од очајните демократи. И, се разбира, ќе треба да ја води земјата уште неколку месеци, несигурен период за САД и светот.

Изгледа речиси како книга за игри на Кремљ, но подобра, би рекол.


Ова е опинион текст. Ставовите и мислењата изразени овде се на авторот. Сите права се задржани.

Извор: CIVIL TODAY

Превод: Н. Цветковска

Tags: претседателска тркаСАДЏо Бајден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ