Странка на демократска акција на Македонија на својот Фејсбук профил ја пренесува изјавата на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ во која тој нагласува доколку Русија и Србија сакаа мир, ќе го имаа денеска.
-Доколку Русија и Србија сакаа мир, ќе го имаа следниот ден. Русија ја уништува Украина. Србија прави хаос на Балканот. Нема место каде што не направи проблем во изминатите 30 години. Знаеме што се случи во Босна и Херцеговина и наместо да ја испуштат топката, наместо да платат отштета и наместо цивилизирано да се однесуваат, тие повторно се извор на проблемот. Да сакаа мир за себе и за нас, ќе го имаа денеска – изјави Бакир Изетбеговиќ.
М.Д.