• Latest

Балансерот: „Врвна политичка глупост за коалиционата љубов“, „партиска контрола за вработување“, „главна причина за исeлување на младите“…

September 19, 2024

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Балансерот: „Врвна политичка глупост за коалиционата љубов“, „партиска контрола за вработување“, „главна причина за исeлување на младите“…

September 19, 2024 11:43
in ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Во јавноста повторно се поставува дилемата дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработувањето во јавната администрација. Балансерот како алатка беше воведен во 2016-та за да служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

Цивил Медиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница како текстуална објава и кратко видео:

                                   Што мислите за алтката „балансер“?

Граѓаните со поделени мислења, едните сметаат дека треба да се укине балансерот, додека други сметаат дека е во ред само треба да претрпи корекции.

„Балансерот треба да остане на сила, со корекции при вработување да се докаже етничката припадност“.

„Врвна политичка глупост која помага на коалиционата љубов, но истовремено и одлична алатка што ги урниса стручноста, компетентноста, образованието…“.

„Кога имам мака и барам совет кој доктор е најдобар, не ме интересира кое етникум е, одам кај најдобриот. Балансер? Нека оди во заборав. Се злоупотребува“.

„Цела Европа, Швајцарија, САД и други вработувааат по балансер. Сега Ммакедонците ги победија Албанците со балансерот по резидентно население. Ќе се вработат најмногу неписмени Македонци. Балансерот е срамота за Македонија. МЕРИТ систем ни треба и точка. Сите Албанци нека се вработуваат на конкурс ако се поспособни. Доста со националности и глупости. МЕРИТ“.

„Балансерот е алатка на партиите за да молат кај нив за работа и да добијат гласови од зависници за леб. По кој закон партијата е работодавач? Партијата неможе да биде работодавач на пазарот на труд. Пред партиите, огласите за работа беа јавни во Агенција за вработување, сега се сокриваат од луѓето за да молат во партија. Ама веќе не молат – се иселуваат“.

„Имајќи ја предвид неправдата во државата, предлагам балансер по сите основи, на пример: балансер по партиска застапеност, за членови на партии на власт и опозиција, а и за тие непартиски, балансер по успех на оценките во дипломите, за слаби и одлични оценки со врски и корупција, балансер по живеалиште оти цела држава се пресели во Скопје, балансер по брачен статус, на пример тие со и од мешовит брак да имаат предност и друго“.

„Никој да не бара работа во партија туку луѓето сами да се вработуваат на оглас. Колку ќе бидат важни партиите за народот“?

„Да се укине веднаш, етникумот не е мерило на стручност туку самата стручност… Неможе да се вработи некој по основ на етникум а просекот му е слаб, а некој со висок просек да падне, затоа балансерот овозможи лажно претставување на етникумот, а квалитет нула. Кога јас би се прашала лажното претставување на етникум би го терала како кривична одговорност. Оти неможе до 12 часот да си Македонец, а после 12 часот Албанец, Србин, Ром, Влав, а може да се чуствува и како Марсовец…“.

„Доста со балансерот и партиски вработувања! Тоа е главната причина за иселување на младите. Само според квалитет“!

„Тоа е најдоброто нешто што е воведено во оваа “држава” од нејзиното осамостојување и ќе биде одличен начин за унапредување на целокупното општество“, пишува саркастично еден граѓанин.

„Очигледно дека балансерот бил злоупотребен како впрочем се и останато во државата. Балансерот како замисла е в ред, но злоупотребата го чини неефикасен“.

Дел од граѓаните сметаат дека Македонците се обесправени со алатката „балансер“.

„Од такви балансери бадентери македонските граѓани станаа најсиромашни понижени во сопствената држава“.

„Таа оди во прилог на терористите од учк и треба да се укине кој е образован и паметен ќе си го најде местото во општеството без разлика на вера и нација“.

Една граѓанка вели дека најдискриминирани се лицата со хендикеп.

„Извинете, а да ве прашам колку е застапеноста на лицата со хендикеп во државната администрација, би рекла 0,0000000001% во однос на “здравите”, што значи во сите сегменти со и без балансер мојата категорија е максимално незастапена или максимално дискриминирана во однос на разните етникуми кои постојано цмиздарат за некакви си свои права а ние сакатите, ќоравите, глуфтарите или пак забеганите без никаков нагласок на етникум неможеме да дојдеме на ред… а треба да се почитува Конвенцијата за правата на лицата со инвалидитет и во вработувањето па така можеби треба да бараме и наш “балансер”, што јас сум против, оти ниту пак етникумот ниту пак хендикепот треба да е мерило туку човекот со своите способности и знаења. Но пак ќе речам мојата категорија никој ама баш никој не ја есапи…“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ