• Latest

Балканот е отворен, целта на „Отворен Балкан“ е да паднат бариерите, Обвинителство ги распореди предметите на Русковска за Управата за финансиска полиција и за „Виа Комерц“

September 2, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Балканот е отворен, целта на „Отворен Балкан“ е да паднат бариерите, Обвинителство ги распореди предметите на Русковска за Управата за финансиска полиција и за „Виа Комерц“

September 2, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

Во своето обраќање на лидерскиот самит на „Отворен Балкан“ во Белград, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија не треба да има граници. Тој посочи оти не му е јасно како странските земји кои меѓусебе немаат граници финансираат проекти во Западен Балкан за подобро гранично управување.

„Отворен Балкан“, заклучи Ковачевски, се покажа и неопходен оти, како што кажа, ако ние успееме да сме добри за нас, тогаш сигурно ќе сме добри и за Европа и за светот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Западен Балкан е едиствен регион каде што границите се толку цврсти, каде што со часови се чека да се помине, и компаниите и граѓаните. Нашата цел е, со иницијативата „Отворен Балкан“ тие бариери што стојат на патот на брзо и лесно преминување на границите, и соработка меѓу граѓаните и компаниите, да ја постигнеме што побргу. Наша цел е да ги тргнеме бариерите и не да ги тргнеме границите, туку да оствариме ниво на соработка која ќе ги направи тие граници се помалку важни, изјави за ЦИВИЛ Медиа вицепремиерот за европски прашања и Бојан Маричиќ, денеска на Самитот „Отворен Балкан“ што се одржува во Белград.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Обвинителство ги распореди предметите на Русковска за Управата за финансиска полиција и за „Виа Комерц“.

БЕЗБЕДНОСТ Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со почетокот на новата учебна 2022/2023 година почнаа со превентивни активности под мотото „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, кои ќе се реализираат во текот на целата учебна година.

СОБРАНИЕ Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да ја продолжи дебатата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Вооружените сили на Украина ги натераа руските трупи да се повлечат во правците Славјанск, Бахмут, Новопавливка и Авдиивка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

*

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси по првиот ден од работењето на мисијата во нуклеарната електрана во Запорижја изјави дека физичкиот интегритет на овој енергетски капацитет е нарушен, пишува Гардијан.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Мораме да се ослободиме и од лажниот баланс. Никаде не води таа континуирана релативизација во јавната комуникација. Техниката со која се одговара на обвинение или тешко прашање со контраобвинение или покренување сосема различно прашање whataboutism, стана модел на вообичаено однесување на голем број политичари, јавни личности и креатори на јавното мислење. Терминот, чина, дека не е преведен на македонски сѐ уште, но сесрдно се користи како пракса.

Мораме конечно да започнеме сериозно да се занимаваме и со пропагандните техники од времето на Советскиот Сојуз што се супер актуелни во денешно време. Крајно време е да разбереме дека наша обврска е да се справуваме со дезинформации, а не да ги пренесуваме (објавуваме)“, пишува Џабир Дерала во колумната „Ако не е веќе доцна. А доцна е“. Можеби предоцна.

Никица Корубин

„Пост-ЕУ сигналите, односно сигналите после официјалното отпочнување на преговорите со ЕУ, ја сигнализираат истата матрица од пред ЕУ почетокот. Слично како и третманот на отворањето на уставот и внесот на Бугарите во преамбулата на истиот. Скриена позади сите други (Хрвати, Црногорци итн.). Враќањето на сцената на наративот кој доведе до ескалација и невиден страв од ЕУ преговори, е голем сигнал“, пишува Никица Корубин во колумната „Пост-ЕУ сигнали“.

Ненад Јовановиќ

„Кога премиерот Ковачевски рече „Балканот е отворен“, за мене тоа, пред сè, значи дека сите во иницијативата „Отворен Балкан“ ќе делуваат на рамноправни основи и дека минатото нема да биде посилно од сегашноста и иднината. На конкретен пример тоа би значело дека пазарите на стока, капитал и проток на луѓе се отворени, што дополнително би значело дека Србија и БиХ ќе мора да најдат снага во себе и го признаат Косово, и така сите заедно да воспоставиме добрососедски односи, како и во секоја поединечна држава внатре меѓу своите сограѓани. Паралелно со тоа, ќе мора да тече процесот на соочување со минатото во сите држави од регионот“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Свои на своето со „Отворениот Балкан“.

Сотир Габелоски

„Она што „Фамилијата“ го правеше, особено во периодот од 2011 до 2016, е многу поголемо разнебитување, угнетување и уништување на идентитетот и Македонија. Криминалот кој го „спроведоа“ ја доведе државата до изолација, приватен сектор кој уназадува, а идентитетот поништен. Криминалот, кражбата, загрозувањето на слободата на граѓанинот е вистинското угнетување на еден народ за кој ретко кој од денешените „фаци“ пишуваше“, пишува Сотир Габелоски во колумната „Како се разнебитува македонскиот идентитет?“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ