СОТИР ГАБЕЛОСКИ
Денес пишувате дека државата се продава, народот се разнебитува, идентитетот се уништува, но каде бевте пред 6, 7, години да говорите гласно за тогашното угнетување?
Академици, владици и „независни“ од потпишувањето на Договорот од Преспа пишуаат „на велико“ за наводно разнебитување, самоуништување и бугаризација. Дури и да се согласиме дека е така (а, не е затоа што државата чекори кон ЕУ и нови можности за развој и просперитет) дали владеењето на „Фамилијата“ до 2017 година не значеше угнетување и уништување на се што е македонско? Како тоа, она што денес се прави е загрозување на опастанокот на македонската држава, а владеењето на Никола Груевски не е?
Она што „Фамилијата“ го правеше, особено во периодот од 2011 до 2016, е многу поголемо разнебитување, угнетување и уништување на идентитетот и Македонија. Криминалот кој го „спроведоа“ ја доведе државата до изолација, приватен сектор кој уназадува, а идентитетот поништен. Криминалот, кражбата, загрозувањето на слободата на граѓанинот е вистинското угнетување на еден народ за кој ретко кој од денешените „фаци“ пишуваше.
Нашите размислувања можеме да ги спротивставуваме до недоглед затоа што суштината на демократијата е тоа, но одговорни сме да не забораваме што се случувало во минатото и кој го загрозувал македонскиот идентитет и опстанокот на државата.