Во моментов во Белград е во тек трибина која е дел од проектот ”Точка на среќавање”, што го реализира белградскиот неделник “Време”, поддржан од Фондацијата Отворено општество и ФорумЗФД.
На темата “Точка на среќавање: Што е Балкан, што се зборува за него, и што би можел Балканот да биде?”, свое излагање ќе има и претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала.
На трибината, која е најава за проектот што се занимава и со албанското прашање на Балканот и со културните и историски односи на Албанците со соседните јужнословенски народи, покрај Дерала, ќе зборуваат и Предраг Мики Манојловиќ, глумец и режисер, Неџмедин Спахиу, професор на универзитетите во Тирана, Тетово, Приштина и Хамбург и Дејан Џокиќ, историчар, а модератор е Зоран Станојевиќ, новинар и уредник во Радио Телевизија Србија.