• Latest

Бараме одговори!

December 26, 2017

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бараме одговори!

December 26, 2017 14:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иновативна инцијатива која повикува на одговорност и транспарентност, „Барам одговор“ е начин граѓанките и граѓаните да се обратат со прашање до политичар/политичарка или јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции (здравство, образование, полиција, труд и социјала…), за кои сметаат дека треба да дадат одговор за некое прашање кое нив лично или сите нас нѐ засега.

Сѐ што треба да се направи е, преку видео или селфи видео, да се постави прашањето и да се испрати до ЦИВИЛ, по што снимката се објавува. Доколку граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Барам одговор од челниците на ВМРО кога ќе почнат да ги фарбаат институциите? Барам одговор од Владата дали има план да ја подобри родовата рамноправност во својот состав и во институциите? Барам одговор дали Министерството за администрација мисли да направи ревизија на вработените во јавната администрација и да започне постапка за престанок на работен однос по член 68 од законот за јавни службеници на оние вработени кои се на платен список, а физички се отсутни, или и понатаму ќе продолжат со игнорирање на законот? – се само дел од прашањата кои ги поставија граѓанките и граѓаните откако започна иницијативата пред неколку недели.

Прашања беа поставени и до Државната изборна комисија и релевантните институции од кои се очекува да работат на подобрување и ревизија на Избирачкиот список на кое за жал не добија одговор. До ДИК се постави и прашањето: Оставки кога? Истиот ден оставките почнаа да пристигнуваат од членовите на ДИК.

#БарамОдговор од ДИК: Оставки кога?, прашање на Денис Јанкуловски беше награден прилог во првиот циклус награди од имплементирањето на третата година од проектот за граѓанско новинарство, „Граѓански објектив“.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓан(к)и, заинтересирани да бидат граѓански новинари, како и сите граѓански новинари кои досега учествувале на семинарите од проектот „Граѓански објектив“ или соработувале со организацијата да земат учество во проектот и на тој начин да се квалификуваат за една од вредните награди за граѓанско новинарство, но и да бидат дописни соработници на Редакција ЦИВИЛ Медиа.

Граѓаните своите прашања треба да ги испраќаат во видео формат (селфи-видео) на фејсбук страницата на ЦИВИЛ, фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на civil.macedonia@gmail.com.

Б. Јордановска

 

Tags: Барам одговор!видеограѓанско новинарстводописницииницијативаселфисорабонициЦивил
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ