• Latest

Барбара Спинели предупредува за демократската слабост на ЕУ

March 29, 2018

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Барбара Спинели предупредува за демократската слабост на ЕУ

March 29, 2018 10:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Барбара Спинели, европратеничка и ќерка на еден од основачите на Европската Унија, Алтиеро Спинели, во интервју за МИА говори за демократските слабости на Европската Унија, лажните вести од Македонија и за заканите врз слободата на медиумите и новинарите во Европа.

Спинели е автор на последната резолуција на Европскиот Парламент во која од ЕУ се бара да помогне да се сочува независноста на медиумите, под закана од големите технолошки платформи како Фејсбук, но и од се почестите напади врз новинарите, засилените методи на надзор врз граѓаните под превез на борбата против тероризмот. Спинели во својот извештај предупредува и дека ЕУ не располага со соодветни контролни механизми за почитувањето на владеењето на правото во земјите членки на ЕУ.

Според неа, европскиот процес на проширување не е доволно посветен на теми како слободата на медиумите која би требало да се третира како дел од владеењето на правото.

– Копнехашките критериуми не се доволни, тие треба да бидат истенчени и подетални. Процесот на проширување не беше доволно детален. Тоа беше стратешка одлука, но без амбиција тие земји да се интегрираат во системот на заеднички норми. Треба да постои структура која ќе гарантира дека тие норми се почитуваат и мислам дека ЕУ во тој поглед е во состојба на слабост.

Случаите со Полска и Унгарија, каде медиумите се под голем притисок на владеачките структури и недоволното почитување на владеењето на правото, се меѓу загрижувачките примери за тоа како откако земја ќе стане членка не ЕУ нема повеќе начин да се контролираат европските норми, вели Спинели.

Коментирајќи го феноменот на “лажните вести“ од Македонија, но не само, Спинели предупредува дека вистинскиот проблем не се наоѓа таму, туку во слабоста на европските демократии.

– Ако го имаме Трамп и Брегзит, тоа не е само вина на лажните вести, туку силите кои требаше да им се спротистават на ксенефобичните струи. Ако Спутник или други сајтови се способни да соборат изборни резултати или да спречат Англија да остане во ЕУ, ако не можат да им пркосат на лажните вести, тогаш тоа значи дека нашите демократии се речиси мртви.

Спинели, која долго време била новинар, ја поздравува новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци која треба да стапи на сила на 25 мај, нарекувајќи ја “една од најдобрите во светот“, но изразува загриженост за влијанието на технолошките гиганти како Фејсбук и Гугл. Поради тоа, таа се противи на “кодот на однесување за спречување на говорот на омраза“ на Европската Комисија затоа што кодот бил напишан во соработка со големите ИТ компании и има ризик да резултира со “де факто приватизација на контролата и на изборот на вести и ставови“.

-Правото на информација не смее да биде ограничено на коректни или прифатливи ставови, правото на информирање подразбира и информации кои можат да шокираат, да пречат или да навредат, вели Спинели повикувајќи се на заедничката декларација на повеќе меѓународни организации околу лажните вести и пропагандата.

За крај Спинели порачува дека спасот треба да се најде во саморегулацијата на медиумите со помош на европските програми и владите на земјите членки, зајакнувањето на улогата на “посредниците на демократијата“ како што се невладините организации. Но, и во “медиумската и дигиталната писменост“.

-Треба да се инвестира од основно училиште во оваа писменост, но и да се стави на маса идејата за постојана обука за дигиталните алатки. Инвестиција на тие полиња е инвестиција во демократијата.


Извор: МИА

Tags: Барбара СпинелиевропратеничкаЕУлажни вестиМедиумипредупредувањеслобода
Share36Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ