Генерал-полковник Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на вооружените сили на Украина, објави видео на Телеграм како припадниците на баталјонот Ајдар ги уништуваат руските агресори во рововите во насока Бахмут со помош на беспилотни летала, пренесува Укринформ.
„Воздушното извидување на 24-от посебен јуришен баталјон „Ајдар“ ги десеткува окупаторите во ровови“, се вели во објавата.
Командантот истакна дека „непријателот почна да се здржува на одбраната“.
„Има значително намалување на какви било активни дејства на непријателот со зголемување на бројот на удари од тешко вооружување, главно од артилерија и минофрлачи“, додаде Сирскиј.
Како што е соопштено, портпаролот на Источната група на вооружените сили на Украина Серхиј Черевати изјави дека активноста на руските трупи во насока Бахмут се намалила, изминатиот ден се случиле четири борбени ангажмани. Украинските трупи елиминирале 59 напаѓачи, раниле 103 и заробиле уште еден.
Подготви. Д. Мишев