• Latest

Баута: Да бидеме подготвени да се сносиме со нашите одлуки по референдумот

September 27, 2018

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Неписмени дипломци

July 27, 2026

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Баута: Да бидеме подготвени да се сносиме со нашите одлуки по референдумот

September 27, 2018 17:40
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

„Референдумот претставува најдемократска алатка каде што народот може директно да влијае во одлучувањето за одредено прашање и е многу добра можност која што им е дадена на граѓаните кои што 11 години кукаа и плачеа како не им се дава можност да одлучуваат и сега наеднаш доаѓаме во ситуација каде што можеме сами да одлучуваме за нашата иднина или за какво било прашање што може да се постави на референдум. Ние за жал не сме подготвени да преземеме одговорност и да излеземе да одлучуваме. Дел од граѓаните на Република Македонија повикуваат да се бојкотира референдумот, да се бојкотира наше право да одлучуваме за нашата иднина. Тоа е тоа што во моментов се случува во Македонија и за жал претставува неподготвеност и во исто време и незрелост на еден народ во политичка смисла“, вели Лиса Баута Шаќири во интервју за ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ Медиа: Каква е Вашата оценка за тоа како се одвиваше досегашната кампања за референдумот? Без разлика дали е кампања „за“ или „бојкотирам“, како гледате на тоа?

Баута Шаќири: Па јас искрено не очекував да има толку жестока кампања за референдумот, затоа што во ниту еден момент не сум имала сомнеж како треба да се гласа на овој референдум, ниту пак сум имала сомнеж дека е потребна кампања за некој да излезе и да одлучи на референдум. Кампањата очекував да биде во насока на тоа да се информира јавноста подобро за прашањето и да се информира дека претходи референдум на кој што ќе можеме да си го реализираме правото, но не верував дека толку многу ќе се пропагира во делот „за“ или „против“ референдумот.

ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата порака за по референдумот? Што потоа? 

Баута Шаќири: Мојата порака е да се преземе одговорност за што било и да се одлучи, односно секој од нас ќе одлучи, во врска со референдумот. Да бидеме подготвени да се сносиме со нашите одлуки, без разлика дали е тоа гласање „за“ или „против“ или „бојкотирање“ на референдумот, да покажеме дека како нација сме подготвени да одлучуваме и да знаеме што точно сакаме за нашата иднина, држава, за нашиот народ. Јас се надевам дека овој референдум прво и основно ќе се користи за да видиме каде сме. Каде стоиме, колку сме зрели, колку сме желни да одиме напред или да одиме назад или што било и да одлучиме. Со тоа ќе покажеме на целиот свет и на самите себе дека ние знаеме точно каде, знаеме точно како, знаеме да преземеме одговорност и да кажеме – овој е нашиот став. Сè додека ние шетаме „флуидно“ вака или онака, со неточно определени цели ние изгледаме смешно и несериозно пред целиот свет.

Дехран Муратов
обработка на текст: Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владо Крстевски
фотографија: Маја Ивановска


Овa видео-интервју е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Tags: интервјукампањаЛиса Баутареферендум
Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ