Во последниве 5 години сум активен студент по психотерапија и тоа ми помага да ги сфатам работите кои сум ги правела порано и сум ги правела природно, сега им се дава теоретска позадина. Кога зборуваме за мултикултурализам, недискриминација, за прифаќање на различностите, од психолошка точка може да се каже дека е потреба за контакт, истакна активистката Лиса Баута Шаќири на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“
Потребата за контакт се поистоветува со потребата за јадење пиење…
Во контактот со себе ќе видиме дека стапуваме во контакт со различни луѓе. Во нашето битие можеме да бидеме различни. Различно реагираме на добри и различно реагираме на лоши нешта, и по тој пат учиме како да ги прифатиме различностите во себе во исто време учиме како да ги прифатиме туѓите различности.
Ние природно го имаме тоа дека сакаме и можеме да живееме заедно. Во општествена смисла, било на која база да е различноста, ние треба да живееме заедно и тоа доведе дека ние живееме во ист простор но паралелно. Ние цело време се делиме по милион основи. Ние треба да живееме заедно и да ги негуваме различностите.