„Јас долго време се трудам да сфатам кои се тие луѓе кои што сакаат поделби. И јас верувам во доброто во луѓето. Потребата за делба доаѓа од стравот од непознатото. Јас не познавам човек, а познавам многу луѓе, кои што биле во контакт со различни и ги мразат.
Јас мислам дека целата таа омраза се состои во некоја предрасуда што е импонирана од, не знам дали е од родителите, од општеството, од другари и така натака, меѓутоа верувам дека тие луѓе кои што еве ги слушаме по улици, на утакмици, ги слушаме како за цела една нација имаат дури и убави песни, мелодични, посакувајќи смрт, тие немале контакт со пријател од другата страна. Кога би наметнале да речеме начин во образованието од најмали нозе да децата растат мешани, ќе почнат, знаете како, кога имаше некои хомофобични изјави ќе каже, не ги сакам ама другар ми е таков, па сега јас ради него јас нема да кажам лош збор против нив. И тогаш децата ќе почнат, јас имам едно другарче врз не знам која основа, и прифаќајќи го него, ги прифаќам сите слични како него.
Јас не можам да ги прифатам фашизоидните луѓе, без разлика дека тој е геј, а сум ги прифатила геј луѓето или ги сакам. Ова прифаќањето ми звучи лошо, како да сум јас некој авторитет кој може да даде дозвола. Јас ги сакам тие луѓе но има особини кај одредени личности кои јас не ги сакам. Со запознавање и со размена самото природно ќе се случува.
Јас моите деца никогаш не сум ги учела дека треба да ги сакаат различните. На 11 месеци јас го пратив моето дете во градинка, каде сите се македонци освен моето дете, и тука веќе нема простор за муабет, тогаш природно му доаѓа. Сега моето дете се префрла во друго школо, каде што и расни различности има, и јас коментирам, колку беше симпатично тоа црното дете, и децата ми велат ти си расист, бидејќи никогаш не ме чуле да кажам, тоа белото дете. И сега јас се трудам да им објаснам дека бидејќи се сите бели, тоа белото дете не е карактеристика која би го издвоила. Така само можеме да се соединиме, никако поинаку. “, додаде Лиса Баута Шаќири на јавниот настан на ЦИВИЛ на тема „Можеме ли заедно?“