• Latest

Бебињата починале поради предвремено раѓање

April 10, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бебињата починале поради предвремено раѓање

April 10, 2018 15:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и третирани на одделот за интензивна нега, но 35 починале, соопшти денеска Министерството за здравство и најави нови мерки по завршување на анализите кои се во тек за подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата.

Министерството наведува дека починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња, а во продолжение  презентира и детален табеларен приказ со старост и со здравствената состојба на бебињата при раѓањето. Според табелата, 34 од бебињата биле родени од 22 до 36 гестациска недела со мал процент за можност за преживување, а 27 од нив биле со неразвиени органи и ниска родилна тежина, дел биле со инфекции добиени од мајката, а едно со медицински непоправлива маана.

– Истакнуваме дека само едно од починатите бебиња е родено во соодветниот термин, но со медицинска аномалија на органите, која е во рамките на неможност да се исправи. Според статистиката, околу 80 отсто од бебињата починале поради екстремно неразвиени органи и поради исклучително ниска родилна тежина. Исто така информираме дека трендот на смртност на предвреме родени бебиња бележи пад во 2016 во првите три месеци од годината починале 38 предвреме родени бебиња, додека лани 41 бебе, се наведува во соопштението.

Воедно, се истакнува дека ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е најголемо родилиште во земјава и на Клиниката се примаат најкомплицираните, најтешки случаи, а се изведуваат и сите предвремени породувања.

Министерството за здравство укажува дека, за жал состојбите, кои ги затекнале во најголем дел од родилиштата, не можат да се поправат само за неколку месеци. Ќе треба долго време да се надомести недостигот на стручен кадар, бидејќи повеќе од 10 години не се планирало и не се создавал кадар, во согласност со потребите на здравствените установи.

– Имајќи го сето ова во предвид, Министерството за здравство пред два месеца објави сет мерки, со кои веруваме дека ќе ја сведеме на минимум смртноста на новороденчињата и на мајките. Дел од нив се краткорочни и веќе се реализираат, наведуваат од Министерството.

Од 15 до 31 март, согласно Акцискиот план на Владата на Република Македонија за намалување на смртноста на мајките, новороденчињата и доенчињата, Министерството за здравство, во соработка со Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА) во Скопје, изврши проценка на условите во родилиштата и го дефинираше нивото на здравствени услуги во нив. Беа посетени Клиника за гинекологија и акушерство–Скопје, Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“–Чаир, сите општи болници, клиничкиболници во Тетово, Битола и во Штип, потоа приватните болници Систина, Ремедика, Санте плус, Плодност, како и здравствените домови во Валандово, Виница, Делчево, Кратово, Крушево, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Ростуше, Свети Николе, Струмица и во Струга.

Исто така, во соработка со УНФПА, од 27 до 31 март беше спроведена обука за ефективна нега на новороденчињата. Беа обучени вкупно 24 здравствени работници, односно осум тима составени од гинеколог, неонатолог и акушер. Практичниот дел од обуката беше спроведен од 2. до 6. овој месец.

– Преку заедничка соработка, Министерството за здравство, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и УНФПА, во периодот од 19 до 24 март, 2018 година извршија проценка на трендовите на неонатална смртност и подобрување на исходот од бременоста и здравјето на децата во Република Македонија. Оваа анализа, како и извештаите од проценката на состојбите во родилиштата очекуваме многу скоро да бидат готови. Врз основа на нив, ќе бидат спроведени дополнителни соодветни и итни мерки за намалување на смртноста на мајките и на новороденчињата, се посочува во соопштението на Министерството за здравство.


извор: МИА

Tags: Влада на Република МакедонијаМајка ТерезаМинистерство за здравствоУниверзитетската клиника за гинекологија и акушерствоУНИЦЕФУНФПА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ