• Latest

БЕГ ја игнорира Регулаторна, Владата ги уверува граѓаните дека ќе има парно греење

September 28, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

БЕГ ја игнорира Регулаторна, Владата ги уверува граѓаните дека ќе има парно греење

September 28, 2022 09:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последиците на една од најтешките енергетски кризи со кои се соочува светот не ја одминуваат нашата држава. Редовното снабдување со електрична енергија и гас, како што нагласуваат од македонскиот државен врв, се прв приоритетите на политичкиот и економскиот естаблишмент во месеците кои следат.

Додека граѓаните се загрижени дали оваа зима ќе имаат топли домови и работни места, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава никакви предлози за надминување на кризата, туку обвинува, а одредени бизнис кругови, но и медиуми, се обидуваат да ќарат поени од наметнатата неизвесност и подгреваат незадоволство.

Владата и премиерот Ковачевски, пак, смируваат и уверуваат дека имаат јасен план за справување со енергетската криза.

Во Скопје според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, на парно се греат околу 60 илјади семејства, па оттука снабдувањето со таква топлотна енергија на скопјани мора да се регулира пред доаѓањето на зимата.

БЕГ велат немале обврска да продолжат со вршење на дејноста во новата грејна сезона, РКЕ смета дека имаат обврска да продолжат дури не се најде нов дистрибутер

Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство, велат дека немаат обврска да продолжаат со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија и дека немаат правен основ да располагаат со топланите. Од компанијата наведуваат дека согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен.

Од друга страна и Владата и Регулаторната комисија посочуваaт дека Законот за енергетика е многу јасен – сè додека друга компанија не добие лиценца, БЕГ мора да продолжи да ја извршува дејноста и на граѓаните да им обезбеди греење.

Регулаторната комисија за енергетика нагласува – Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на нов вршител на дејноста.

Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика. Од РКЕ истакнуваат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.

„Ве информираме дека Законот за енергетика, кој доби и зелено светло од  Енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца (во случајов нов вршител на јавна дејност)“, наведуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Владата уверува – Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно

После соопштението од БЕГ, Владата уверува дека за скопјани ќе има парно греење

Граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин, нагласуваат од Владата.

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата во соопштение подвлекува дека континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје.

Се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат истите, јавноста ќе биде навремено известена, истакнуваат од Владата.

Оттаму соопштуваат дека Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени се со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување на најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното.

И Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смирува – Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има.

ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Се што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни. Да, обезбеден е и гас. Кој е изворот е најмалку важно, важно е да има гас, рече Битиќи.

Дојдено е време да читаат и да толкуваат треба тие што тоа го знаат. Граѓаните само треба малку повеќе да веруваат. Како што во јануари обезбедивме топлинска енергија кога бевме оставени на цедило, така и сега топлинска енергија за граѓаните на Скопје ќе има. Независно дали е ЕСМ или БЕГ, граѓаните ќе добијат топлинска енергија. Бидејќи од однесување на прватниот партнер не сум задоовлен, би сакал тоа ЕСМ да го направи, истакна вицепремиерот и уште еднаш порача дека од закон никој не може да се огради, вели Битиќи.

Според најавите, откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди Комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници. Со јавниот повик треба да се избере компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп (БЕГ), откако на крајот на јуни и беа одземени лиценците за работа поради финансиска неликвидност од високата цена на природниот гас.

Компанијата „Адора Инженеринг“  во септември лани на јавна лицитација за 9,26 милиони евра ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, коишто претставуваат основни средства за регулираното производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Компанијата тврди дека закупот на  топланите без јасна интенција за купопродажба ќе им претставува дополнителни 550 илјади евра загуби на годишно ниво. Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста, според вицепремиерот Фатмит Битиќи, е легитимна, но ќе биде според законите.

Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи.

Според него, Одлуката на РКЕ, која е независно тело, може да се побара, а членот три е јасен и дециден.

Грејната сезона стартува на 15 октомври, но ако температурата падне под 12 степени, може да почне и на 1-ви октомври.

Премиерот Ковачевски уверува – Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза.

„Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети. Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј кој долги години не работеше и ставен е во функција ТЕЦ Неготино.  Поточно, утрово е ставен првиот котел во функција во ТЕЦ Неготино и тој веќе произведува електрична енергија со моќност од 60 мегавати до крајот на денот треба да биде и до 80 мегавати, а веќе тимови на експерти во кои се вклучени и универзитетски професори работат на пуштање на вториот котел на ТЕЦ Неготино“, истакна премиерот Ковачевски.“

Во рамките на Самитот на ОН и на билатералните средби, клучни дискусии беа во однос на снабдувањето со енергија и во однос на снабдувањето со храна, вели Ковачевски. Тој нагласи дека интензивно се разговара и со соседните и земјите од регионот за успешно справување со кризата.

„Ние водиме разговори со Србија, со Бугарија исто така, но таму е малку посложена ситуацијата бидејќи Бугарија во моментов нема парламент, а нивното законодавство е прилично лимитирано во однос на продавање на вишоци на електрична енергија со директни договори. Разговараме со Турција и сметам дека сме на добар пат да обезбедиме базна енергија,  а со Србија го очекуваме одговорот бидејќи таму се работи за гас којшто потоа би бил користен во когенеративната централа. Се работи секојдневно, постојано. Нашиот Вицепремиер за економски прашања е во Брисел, со оглед на тоа што имаме отпочнато процес на преговори и детален скрининг меѓутоа и тие состаноци таму се користат за адресирање на прашања во однос на енергетиката“, рече Ковачевски.

За финансирањето на сето ова, Ковачевски рече дека веќе е обезбедена финансиска конструкција со билатерални кредитори, а во скоро време очекува да завршат и преговорите со Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, но оти се разговара и со некои финансиски побогати држави од Блискиот Исток.

Премиерот Ковачевски апелираше дека во услови на светска енергетска криза, нема политика и собирање на дневно политички поени, тоа се потврди и во минатото.

„Апелирам до пратениците на опозицијата што побрзо и без никакви уцени и под маса преговори кои што дел од нивното раководство сакаат да ги прават да се одобри кредитот од ЕБОР за ликвидни финансиски средства за ЕСМ со којшто треба да се набави електрична енергија за регулираниот пазар“, додаде Ковачевски.

Медиумите подгреваат атмосфера, опозицијата обвинува

Своја улога и одговорност во известувањето околу начинот на справувањето со енергетската криза, медиумите различно ја манифестираат. Додека повеќето известуваат за фактичката состојба, некои одбираат да подгреваат атмосфера со половично пренесени изјави и наслови со прашалници за „ладни радијатори“, со што шират паника кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не дава никакви предлози за надминување на кризата, туку обвинува. На седницата на Собраниската комисија за одбрана и безбеднос пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија за „неспособност” при менаџирањето со кризните состојби во државата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во своето обраќање, игнорирајќи ги напорите на Владата, рече дека власта, според неа, „не знае да се справи со проблемите произлезени од кризата”.

Комисијата досега пет дена расправаше за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на државата, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија и за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

Извор: frontline.mk

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ