Рита Бехадини, новинарка и активистка за правата на жените, во видео порака за иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“ истакна дека разликите постојат и секоја разлика треба да се почитува.
„Јас лично се занимавам со правата на жените, се борам за правата на жените, бидејќи сметам дека моите права се повредени. И верувам дека се кршат правата на многу други, затоа овој проект е можност да застанам покрај нив и да им покажам дека не се сами и дека мора да се почитуваат сите видови разлика. Ние мора да направиме разлика и да ги почитуваме разликите“, вели Бехадини.
Диана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети