• Latest

Бектеши: Анализите од мазутот во вторник, стартуваат вонредни инспикциски надзори и на течните горива

May 30, 2021
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Бектеши: Анализите од мазутот во вторник, стартуваат вонредни инспикциски надзори и на течните горива

May 30, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските контроли околу увозот на опасен мазут се речиси завршени и резултатите ќе бидат објавени во вторник, а од денеска Државниот пазарен инспекторат, кој е орган во рамки на Министерството за економија, започнува со засилени вонредни контроли и на течните деривати со користење на мобилната лабораторија и тоа при влезот во државата и во внатрешниот пазар, односно малопродажбата, изјави денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

-Заедно со Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе започнеме со засилени контроли на терен за квалитет на сите видови нафтени деривати во државната мобилна лабораторија. Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во нашата земја. На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации со квалитет на горивата, туку ќе се заштити и животната средина. Како што најавивме, во моментот заедно со вицепремиерот Николовски ги собираме сите информации за дистрибуција на сомнителен мазут. Крајниот рок кој им го дадовме на институциите е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби на увоз на опасен мазут во нашата земја. Доколку не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати, документите ќе им ги предадеме на Јавното обвинителство, рече Бектеши.

Тој нагласи дека сите институции почнувајќи од Царинската управа, ДПИ, МЕ, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени да ги достават сите информации до Владата. Во Министерството за економија, пак, нагласи согласно новиот Закон за енергетика, нашиот правилник за квалитет на горивата е целосно усогласен со директивите на ЕУ. Тоа е потврдено и од енергетската заедница, каде што освен квалитет на сулфурот, како карактеристика треба да се анализираат и други параметри согласно македонскиот стандард (МКС Х430).

-Сакам да ги информирам граѓаните и да ги повикам сите институции дека Владата, МЕ и сите институции нема да имаат компромис кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина во нашата држава, рече Бектеши.

На заедничката прес – конференција се обрати и в.д. директорот на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, која нагласи дека заради потребата од согледување на состојбите поврзани со квалитетот на горивата за транспорт кои се пласираат на пазарот Инспекторатот во соработка со Бирото за метрологија, преку користење на Мобилната лабораторија започна со вршење на вонредни инспекциски надзори на бензинските станици каде се врши промет на мало со моторен бензин и дизел гориво. Денеска до овој момент веќе се извршени три инспекциски надзори кои продолжуваат.

-Денешните надзори се само почеток на вонредни инспекциски надзори и ќе бидат дел од приоритетите на нашата работа во наредниот период и ќе бидат спроведени на територијата на целата држава. Вршењето на инспекциските надзори од страна на инспекторите се во насока на контрола на квалитетот на горивата односно моторниот бензин и дизел горивото за што Мобилната лабораторија е акредитирана. Анализите се однесуваат на својствата на горивата пропишани со правилникот. Во план е овие контроли со мобилната лабораторија и во соработка со ЦУ да се вршат на влез на горивата во нашата држава, односно на нашата граница со цел да спречиме влез на несоодветен квалитет на горива во внатрешниот пазар, рече Симеска Димоска.

Таа порача дека ДПИ заедно со инспекторите и таа како в.д. директор на ДПИ максимално ќе бидат посветени  во работата дека со сигурност ќе можат да сметаат дека квалитетот на горивата ќе биде безбеден. ДПИ, нагласи, во континуитет ќе продолжи да ги врши надзорните и во сите области за кои е надлежен.

На новинарско прашање Бектеши посочи дека во делот на мазутот се утврдени сите анализи и се подготвуваат сите решенија, но дека треба да се има предвид дека мазутот се контролира во други акредитирани лаборатории.

-Тие контроли (во делот на мазутот) се завршени од ДПИ, веќе се вратени неколку цистерни. Не би сакал да навлегувам во имиња на компании на кои се вратени. И во внатрешноста на нашата држава се констатирани нерегуларности и е постапено од ДПИ. Јас веќе наведов дека до вторник сите институции имаат надлежност да достават информација до Владата и согласно тие информации ќе се постапи и да почекаме до вторник, рече Бектеши.

Повтори дека за сите нерегуларности и за имињата на компаниите ќе соопштат во вторник, но нагласи дека тоа се бензински пумпи и увозници кои го покриваат најголемиот дел од пазарот со нафтени деривати.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ