• Latest

Бектеши: Околу 7.000 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја

February 10, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Бектеши: Околу 7.000 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја

February 10, 2022 12:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, пренесува МИА.

Тој рече дека очекува денеска и утре до архивата на Министерството за економија да пристигнат уште околу 200 барања од барателите, кои заклучно со вчерашниот ден, преку пошта ги испратиле своите апликации. Бектеши заклучи дека мерката, најавена со кризната состојба со електричната енергија, е успешна реализирана.

– За спроведување на активностите за финансиска поддршка на лица со ниски примања, во рамките на Министерството, формирани се пет комисии, кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе биде изготвена финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка, рече Бектеши.

Тој истакна дека финансиска поддршка ќе добијат лица со најниски примања во домаќинство во 2021 година, во соодветната категорија, која беше во склоп на Јавниот повик.

– Дополнително, на ова би сакал уште еднаш да го кажам тоа што како Влада и како Министерство за економија заедно со МТСП го изготвивме кон крајот на претходната година се со цел да важи за целата 2022 година. Согласно новиот буџет, над 36 илјади домаќинства во Северна Македонија ќе добијат по илјада денари за да ги покриваат сметките за енергенси и тоа се дополнува со шест месеци откако почна пандемијата. Оваа мерка ја добиваат сите приматели на гарантирана државна помош и дополнително на 9.500 пензионери со ниски приходи и ако се додадат уште седум илјади домаќинства со ниски приходи, значи над 55 илјади домаќинства во нашата држава во текот на 2022 година ќе добијат директна помош за покривање на дел од фактурите за електрична енергија или за енергенси во нашата држава, рече Бектеши.

Тој истакна дека со ова Владата покажува дека се грижи за најранливите категории на граѓани. Комисиите, до крајот на февруари, ќе ги разгледаат сите барања поднесени од граѓаните.

– И секако, и за јануари и февруари, иако решенијата ќе се донесат на почетокот на март, ќе бидат покриени фактурите за електрична енергија во износ од 600 и 800 денари кои се даваат од страна на Министерството за економија, рече Бектеши.

За можноста да се одложи плаќањето на сметките за струја, министерот рече дека тие договори се билатерални кои ги прават потрошувачите со ЕВН или пак со други трговци со електрична енергија.

– Најважно е дека ние направивме големи напори за сметките посебно за домаќинствата и малите потрошувачи да не бидат поголеми од 9,5 отсто и секако реализираме вакви мерки преку МТСП и преку Министерството за економија за да им олесниме на тие граѓани кои имаат ниски приходи додека трае кризната состојба, рече Бектеши, кој потенцира дека иако кризната состојба со одлука на Собранието ќе трае до јуни, Владата испланирала средства за целата година, со кои ќе бидат помогнати околу 55 илјади домаќинства со ниски приходи.

Тој посочи дека Владата вбризга шест милиони евра во ЕСМ за да управува со дистрибутивната мрежа, со снабдувањето и производство на топлинска енергија и нема дополнително барање од страна на ЕСМ.

Министерот, повикувајќи се на информациите кои Владата ги добива од ЕСМ, рече дека многу малку се увезува електрична енергија и ги демантираше изјавите дека државата увезува струја од Србија.

– Ние сме поврзани со Хупекс берзата и никогаш не сме увезувале од Србија, а да не зборувам за цени од 450 евра и слично. Треба да направиме споредба дека токму Србија има два до три пати поголеми производствени капацитети од нашата држава а цената за домаќинствата и за малите потрошувачи речиси ја имаме истата и ако земеме предвид колку сме увезле ние во текот на кризната состојба и колку произвеле другите држави таму ќе видиме дека нашата држава повеќе произведува од домашните капацитети. Не само од капацитетите што се во сопственост на ЕСМ, туку и преку одлука на Министерството за економија сме ги ставиле во функција и капацитетите на приватните компании како што е ТЕ-ТО се со цел да работи со пониски цени од берзанските цени. Ако берзанските цени се 240 евра ТЕ-ТО продава електрична енергија за потребите на ЕСМ со минус 15 евра, вели Бектеши.

Тој информира дека цената на ТЕ-ТО за јануари била 170 евра, за февруари ќе биде 190 евра.

– Лесно може да се направи калкулација дека ние моментално штедиме над 50 евра по мегават откога сме ги ставиле приватните капацитети во наша функција, вели Бектеши.

Министерот за економија извести дека веќе се одобрени уште дополнителни 50 милиони евра од Владата за ЕСМ да може да произведува поголеми количини на електрична енергија.

Прашан за замрзнувањето на цените на одредени производи, министерот посочи дека се разгледува можноста мерката за замрзнување на цените за основните производи да биде продолжена и да нема ценовни шокови во делот на прехранбените производи.

– Една од опциите е да се стават маржи во делот на увозот на прехранбени производи и во делот на трговија со мало и со големо за да нема само замрзнување, рече Бектеши

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ