Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска, на собирот Министрите за надворешни работи од Г7 во Вајсенхаус, северна Германија, ја посочи Русија, која блокирајќи го извозот на житарки од Украина се обидува да предизвика глобална криза со глад.
Бербок изјави дека околу 25 милиони тони жито се заглавени во украинските пристаништа, кога му се „итно потребно на светот“.
Говорејќи на собирот во Вајсенхаус во северна Германија, Баербок рече дека земјите од Г7 никогаш нема да ги признаат обидите на Русија да ги промени меѓународните граници преку војна. Министрите за надворешни работи од Групата седум земји кои се состанаа во Германија повикаа на прекин на руската блокада на украинските пристаништа. Tие ветија дека ќе го зголемат притисокот врз Русија преку санкции и ја повикаа Кина да не ги поткопува меѓународните напори за изолирање на Москва.
Д.Мишев