• Latest

Бесими: Антикризни мерки се додека економијата не застане на здрави нозе

May 31, 2021
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Антикризни мерки се додека економијата не застане на здрави нозе

May 31, 2021 09:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Извесно е дека опоравувањето на економијата од ефектите од Ковид-19 кризата започна. Од почетокот на годината се забележуваат позитивни економски резултати и глобално и кај нас, вели министерот за финансии, Фатмир Бесими, во својата колумна објавена вчера, во која порачува „антикризни мерки  се’ додека економијата не застане на здрави нозе“.

Од почетокот на кризата, како што потсетува, донесени се шест пакети мерки во вредност од околу 1,2 милијарди евра. Тоа е околу 11 отсто од БДП. Вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само директните буџетски трошоци, туку и даночните олеснувања и ослободувања, расположливите гаранции и сл. За споредба, согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4 отсто од БДП во Бугарија, 3 отсто Босна и Херцеговина, 3,3 отсто во Албанија, 4 отсто во Црна Гора, 5 отсто Косово, 7 отсто Хрватска, Србија со 13,6 отсто и Грција и Словенија со околу 14 отсто од БДП.

Согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, најголем број од земјите, продолжуваат со фискалниот стимул и во 2021 година, како земјите од регионот, така и равиените земји.

-Препораките на ММФ, потенцира, се во насока да се продолжи со поддршка на стопанството и граѓаните, се’ додека трае заздравувањето. Еден од аспектите е дека корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солветнтноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии, како и кај микро и малите претпријатија. Вториот аспект е дополнителна заштита на финансискиот систем, односно дека без интервенција на фискалната политика, може да дојде до висок раст на нефункционални кредити од фирми кои ќе се задолжат за да ги надминат последиците од кризата, а нема да бидат потоа во можност истите да ги сервисираат.

Министерот посочува дека стојалиштето до кое дошле е дека е неопходно да се продолжи со поддршката на фирмите, но и на граѓаните (од социјален аспект) за да може да продолжи заздравувањето на економијата.

-Настојувањата, секако, ќе бидат во насока новите мерки кои ќе се носат да имаат истовремено и развоен карактер, односно покрај поддршката која ќе ја даваат да поттикнуваат и нови инвестиции, проширување на капацитетите и нови вработувања.

Оценува дека новите мерки ќе создадат потреба за нови финансиски средства, кои  преку различни механизми, треба да се донесат до инвеститорите. -На тој начин, пораува, ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Прво ќе се компензира падот на паричните дознаки од странство и намалените странски инвестиции (до моментот на нивно задоволително закрепнување). Второ, ќе се избегне ефектот на „истиснување“ на реалниот сектор, односно достапноста на капитал за стопанството од домашни извори на финансирање.

-По еврообврзниците во 2020 и 2021 дојде до релаксација на монетарната политика, односно забрзување на растот на паричната маса од 8 отсто пред почетокот на кризата на 10,1 отсто, како и намалување на каматните стапки на пазарот на пари на историско најниско ниво на 1,25 отсто во март 2021 година. Може да се заклучи дека финансирањето на буџетските дефицити преку странски извори, од една страна ќе го стимулира економскиот раст, а од друга создава услови за релаксација на монетарната политика, наведува во колумната.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ