• Latest
Фото: МИА

Бесими на средби во ММФ: Опстојуваме на определбите за фискална консолидација и забрзан економски раст

April 13, 2023

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими на средби во ММФ: Опстојуваме на определбите за фискална консолидација и забрзан економски раст

April 13, 2023 19:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мерките и политиките што ги спроведува Република Северна Македонија ја задржаа макроекономската стабилност, буџетскиот дефицит забележа намалување, јавниот долг е на одржливо ниво и во рамки на Мастришките критериуми, инфлацијата покажува тренд на намалување, економијата е отпорна и е во позитивна зона, беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли и директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер,  одржани во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, пренесува МИА.

Неизвесноста и предизвиците од кризата се сѐ уште присутни во глобални рамки што се чувствуваат и кај нас. Нашата определба е да одговориме на тие предизвици на краток рок и да опстоиме на нашите среднорочни определба за фискална консолидација и забрзување на економскиот раст, рече Бесими.

Мерките што ги преземаме за справување со ценовната криза, додаде, веќе покажуваат ефект со намалување на стапката на инфлацијата пет месеци последователно од 19,8 проценти лани во октомври во март таа изнесуваше 14,7 проценти.

Буџетскиот дефицит од почетокот на годинава е понизок за околу 16 проценти во однос на остварениот дефицит во тој период од 2022 година, јавниот долг е на ниво од 57,1 отсто, заклучно со декември 2022 година, државниот долг на крајот на февруари изнесува 44,9 отсто од БДП, вкупните приходи во буџетот од почетокот на годината бележат раст од околу 15 проценти, економската активност покажува отпорност и бележи раст, извозот бележи раст од 10,2  отсто во првите два месеца од 2023,стапката на невработеност се намали и е на историски најниско ниво од 14 проценти, потенцира Бесими.

Нагласи дека здравите и одржливи политики беа препознаени од ММФ минатата година со одобрување на средства од Инструментот за ликвидност и претпазливост – ПЛЛ.

Тоа е поддршка на политиките што ги спроведуваме за справување со кризата и да поставиме основа за натамошен долгорочен раст. Поддршка во време на криза кога финансиските средства на пазарите стануваат скапи и ограничени е сигнал до инвеститорите за здравост на политиките, посочи Бесими и додаде дека потврда за политиките беше и изразениот голем интерес од инвеститорите на аукцијата за 9-тата еврообврзница што беше издадена во текот на март 2023 година, потврдениот кредитен рејтинг од агенциите Фич и Стандард и Пурс, како и интересот за странски инвестиции во земјата, кои во минатата година достигнаа над 750 милиони евра, што е за над 60 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

На средбата беше напоменато дека позитивно влијание се очекува да има реализацијата на капиталните проекти за кои во Буџетот за 2023 година се проектирани 800 милиони евра, како и инвестициите во индустриските зони.

Министерот Бесими се осврна и на реформите што се имплементираат во делот на јавните финансии, новиот Закон за буџети и поддршката што може да се добие во тој реформски процес, преку кој ќе се воспостави нов модерен систем на буџетирање, заснован на транспарентност и отчетност и алоцирање на средствата каде што ќе даваат најдобри резултати.

Во рамки на Пролетните средби на ММФ и СБ Бесими ќе оствари средба и со новата потпретседателка  на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија, Антонела Басани и  извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсe.

 

Tags: БесимиММФСветска банкасредби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ