• Latest

Бесими: Спроведуваме постепена консолидација – буџетскиот дефицит во 2023 година понизок за 0,7 процентни поени

November 21, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Спроведуваме постепена консолидација – буџетскиот дефицит во 2023 година понизок за 0,7 процентни поени

November 21, 2022 10:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Постепена фискална консолидација, добра стратегија и издржан план за забрзување на растот, инвестиции во човечкиот и физичкиот капитал, дигитализација и одржливост, се петте клучни чекори за забрзување на економскиот раст, по заздравување на економијата од тековната глобална криза, наведува во својата најнова колумна посветена на буџетот и економските стратегии министерот за финансии, Фатмир Бесими.

За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред сè треба да постои фискален простор. Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, може да предизвика контракција на економијата и негативни последици, посочува министерот Бесими.

– По надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот Предлог-буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да се сведе под 3 отсто, односно под Мастрихшкиот критериум, истакнува Бесими.

Во рамки на стратешкиот и плански пристап за забрзување на економскиот раст, Бесими го посочува Планот за заздравување и забрзување на растот, каде по примерот на Јункеровиот план, се планира мобилизирање на приватен, покрај јавниот капитал за инвестиции.

– Со средствата ќе се поддржат проекти во јавниот и приватниот сектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност, пишува министерот.

Понатаму, тој во колумната ги истакнува инвестициите, јавните и приватните како мотор на економскиот раст и развој.

– Инвестирањето, како во човечкиот, така и во физичкиот капитал, е оној мултипликативен дел од равенката за бруто-домашниот производ. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот Предлог-буџет. Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени како еден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме на Стратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ. Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес на развојната компонента, истакнува министерот.

Како начин за дополнително стимулирање на економскиот раст, министерот ја истакнува дигитализацијата. Таа, посочено е во колумната, е катализатор на растот на продуктивноста на трудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена.

Како последен од чекорите за постигнување на долгорочен економски раст и развој, Бесими ја посочува одржливоста, односно одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии итн. Министерот истакнува дека одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои даваат резултат на подолг период. Затоа во рамки на инвестициската агенда, Владата го зема и овој аспект, додека кај финансиите покрај фискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бесимибуџетекономски растинвестиции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ