„Сигурен сум дека Путин на крајот ќе загуби. Она што треба да го направиме е да не дозволиме путинизмот да победи, а тоа е најголемиот ризик. Путин ќе падне. Мора да падне и путинизмот“, поентираше Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на панелот „Справување на авторитаризмот“ на меѓународна конференција што се одржа во Скопје во декември во рамки на Неделата за човекови права.
Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи е наслов на четвртата панел дискусија на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што се одржа на 12 декември 2024, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија), во партнерство и со Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, а со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Во панел дискусијата што ја водеше Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД, учествуваа Едвард Џозеф, експерт за менаџмент на конфликти, универзитетски професор, Универзитет Џон Хопкинс, САД, Петрит Сарачини, медиумски експерт, ИМА, Северна Македонија, Олха Данилјук, новинарка, Украина, Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово и Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Северна Македонија.
Панел 4: Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи
На панел дискусијата говорниците го разгледуваа минатото и иднината на посветеноста на граѓанското општество кон демократијата, човековите права и медиумските слободи. Говорниците ќе истражуваат активности и стратегии за зајакнување на медиумите и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и поттикнувањето на демократските вредности. Дополнително, панелот ги претстави партнерските организации и ја прослави 25-годишнината на ЦИВИЛ – Центар за слобода, сеќавајќи се на нејзината историја, влијание и визијата за иднината.
Едвард Џозеф: Не може да има демократски напредок на регионот со најголемата земја со поткопувачки интереси за соседите
Едвард П. Џозеф, експерт за управување со конфликти, Универзитетот Џон Хопкинс, САД на панелот зборуваше за Северна Македонија како заложник на етно националистички проблеми за кои не е виновна, се направи Преспанскиот со кој се поддржува суверенитетот и се заштити јазикот, по што се продолжи кон НАТО, а сега има вето од Бугарија, која не се придржува до Договорот за пријателство.
„Северна Македонија се квалификуваше, и јас направив неколку интервјуа овде, имам мое мислење за тоа што треба да направи владата за тоа, но јасно е дека пречката не е во земјата, а секако, тоа е блокадата од реформите и сите чекорите што би ја поттикнале оваа земја и значително би ја подобриле состојбата со корупцијата и многу други прашања. Па, кое е решението? Не можете да имате демократски стабилен Балкан со антидемократска Србија“, изјави Џозеф.
Олха Данилиук: Демократијата во Украина е силно нарушена и од „медиумските пустини“ предизвикани од ограничениот пристап до информациите
Олха Данилиук, новинарка, Волина Газета, Украина во своето обраќање посочи дека од местото од каде се приклучува (Украина) на денешната конференција, никогаш не се знае дали ќе има напој со електрична енергија, и не била сигурна дека ќе може да учествува.
„Се соочуваме со многу прагматични проблеми, тоа е нешто со кое се соочуваме секој ден и не се работи за теорија. Се соочуваме и со проблеми со демократијата и закани за медиумите во реалниот живот, со реални проблеми кои ги гледаме секојдневно, како што споменав претходно, со психолошки стрес, очигледно недостаток на кадар и слично. Цела Украина очигледно многу страда на различни начини од војната со која се соочуваме денес, и поради недостаток на финансии, се создаваат новинарски пустини, а тоа значи дека луѓето во одредени региони немаат пристап и не можат да дознаат ниту да сфатат што се случува“, изјави Данилиук.
Петрит Сарачини: Потребни се коалиции меѓу граѓанското општество, организациите за проверка на факти и мејнстрим медиумите
Петрит Сарачини, медиумски експерт, ИМА, Северна Македонија на панелот зборуваше за нападот на авторитарни тенденции на политичкиот екстремизам и етнонационализам.
„Проблемите со кои се соочуваат луѓето во Северна Македонија и медиумската заедница, но и регионот, а исто така и Европа, која е под напад на авторитарни тенденции на политички екстремизам, екстремен етнонационализам, а сето тоа го нанесе данокот на капацитетите на нашите демократии и медиумите воопшто. Гледаме ширење на анти-родови дезинформации, дезинформации против ранливите малцинства, маргинализираните групи и се плашам дека ние демократските општества сè уште не можеме да најдеме решение за овие проблеми“, истакна Сарачини.
Астрит Истрефи: Треба да продолжиме да градиме сојузи преку граница, граници преку етничките групи
Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово, истакна дека за луѓето во Украина е секоја секунда прашање на живот или смрт.
„И не можеме да кажеме дека стоиме на страната на Украина. Мислам дека треба да кажеме дека Украина треба да ја добие војната. Не нема да ја запреме војната, туку Украина треба да ја добие војната, а ние ќе им помогнеме. И Русија треба да биде поразена. Мислам дека тоа е навистина критично. Тука зборувавме за емпатија. Овде зборувавме за добрина, љубезност. Мислам дека зависи, кому ја покажуваш таа емпатија или добрина? На кого? Во Русија? Како? Никој не може да каже дека ќе ја молиме Русија да ја прекине војната и тие само ќе си заминат. Тие никогаш нема да го направат тоа. Тие треба да бидат поразени. Мораат“, вели Истрефи.
Џабир Дерала: Постои една вистина заснована на факти, дури и кога умовите на луѓето се манипулирани, потиснати или заплашени
Џабир Дерала ,претседател на ЦИВИЛ зборуваше за линијата на фронтот која е поставена во одбрана на демократијата, а таа линија е Украина.
„Заслепени сме од страв, од комерцијални интереси, економски интереси или само поради некои предрасуди. И не може веќе да го правиме тоа. Не можеме повеќе да си дозволиме бидејќи немаме повеќе време. Ни снема време. Сакам да кажам дека линијата на фронтот е во Украина. Таму се убиваат луѓе, се киднапираат. Постои системска употреба на тортура, силување и грабеж на цивилни цели. Исто така, линијата на фронтот не завршува таму“, посочува Дерала.
Целта на конференцијата е да фрли светлина на предизвиците против демократијата и човековите права, но и да изработи применливи препораки и основи за стратегии за нивно надминување. Конференцијата беше дел од официјалната програма на Неделата на човековите права – иницијатива на Северна Рајна Вестфалија, и се одржа по повод Меѓународниот ден на човековите права, како и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ во 1999. Конференцијата е дел од меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата што ја започнаа партнерските организации во Скопје.
За повеќе информации за Конференцијата, посетете ја специјалната страница: defendingdemocracy.civilmedia.mk
КОНФЕРЕНЦИЈА, ЦЕЛОСНО ВИДЕО, емитувано во живо на 12 декември, 2024:
#DefendingDemocracy ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАНЕЛ 1: Деморкатија под опсада
Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам
СПРОТИВСТАВУВАЊЕ НА АВТОРИТАРИЗМОТ – Решенијата се можни само од слободни луѓе, со слободни медиуми и демократи на улица