• Latest

Бесмисленоста на надворешната „Миц – Муц“ политика

April 26, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Бесмисленоста на надворешната „Миц – Муц“ политика

April 26, 2025 11:14
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏЕЛАЛ ХОЏИЌ

Надворешната политика е именувана како „Миц – Муц“ затоа што е креирана и претставувана од премиерот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по првите три букви од нивните презимиња. Значењето на „Миц – Муц“ има и друга димензија: одлично ја претставуваат спороста (миц по миц, малку по малку) на нашиот пат кон ЕУ, како и немањето храброст јасно, прецизно и гласно (а наместо тоа имаме „туц-муц“, „округло па на ќоше“ изјави) да се одбрани новиот курс на надворешната политика на Северна Македонија.

Вчера медиумите ја пренесоа изјавата на нашиот министер за надворешни работи, со која изразува загриженост дека Северна Македонија може да го пропушти следното проширување на ЕУ. Целата бесмисленост на надворешната „Миц – Муц“ политика на Владата кон стратешкиот интерес – членство во ЕУ – ја собра во еден наслов: „Муцунски загрижен: Македонија може да ја пропушти 2030 година за членство во ЕУ“.

Бесмислено е Муцунски да изразува загриженост, затоа што тој, заедно со премиерот Мицковски, како и нивната партија ВМРО-ДПМНЕ, направија буквално сѐ, уште како опозиција, да го спречат патот на државата кон ЕУ. Нивната политика креираше неоправдани стравови кај етничките Македонци дека ќе го изгубат идентитетот на патот на државата кон ЕУ. Сето тоа со цел само да дојдат на власт. Затоа што партиските интереси им беа над стратешките интереси на државата.  Сетете се само на кампањата „Никогаш Северна“, која траеше сѐ до преземањето на власта, а сега Преспанскиот договор е „ремек-дело на дипломатијата“. Нели имаше неколку месечна реторика од претставниците на македонската Влада дека чекаат да се формира Влада во Бугарија, па да почнат да ре-преговараат одредени позиции? Како и многу претходни бесмислени позиции на надворешната „Миц – Муц“ политика, времето ги отфрла, една по една.

Потоа, како нова власт, политиката на Мицкоски и Муцунски ја подреди нашата надворешна политика на линија со авторитарните лидери Орбан, Вучиќ сосе Додик, сите тројца имаат одлични односи со диктаторот Путин. А за да се затскрие анти-западната политика, се влезе во глорификација на Трампизмот во САД. Одеднаш, анти-западните, проруските структури, станаа обожаватели на ликот и делото на американскиот претседател Трамп. Серијата на скандалозни гласања за дел од резолуциите во ОН, се само еден од резултатите на лошата меѓународна политика. Бевме и сведоци на неколку несмасни оправдувања од типот „Еве и Унгарија е членка на ЕУ и НАТО, па исто не гласаше како огромното мнозинство држави од ЕУ“, комплетно игнорирајќи ја расправата на Орбан со истите демократски развиени држави од ЕУ.

Иако имаше јасни најави од Брисел дека следното проширување на ЕУ ќе се случи до 2030 година, пропагандната машинерија на власта, преку провладините медиуми, ширеше дефетизам дека Европа го заборавила Западен Балкан и дека проширувањата нема да се случат. Со комплетно истата теза на пропаганда на Вучиќ во Србија, нашата власт создаваше алиби за неисполнување на нашите домашни обврски, а кои беа потребни да продолжиме со преговорите со ЕУ. Со неусвојувањето на уставните измени, одбивањето да се внесат „Бугарите во Устав“ и игнорирањето на Францускиот предлог (зад кој стои цела Европска Унија), Северна Македонија се одвојува од „пакетот“ со Црна Гора и Албанија, со кои треба заедно да влеземе во Европска Унија до 2030 година. Владата одбира, наместо државата да го заземе членството во ЕУ, да седне во скутот на изолираната и недемократска Србија на Вучиќ.

Веројатно е повеќе логично овие од власта кои вложија таков труд да ја изместат Северна Македонија од нејзината природна прозападна траекторија, гордо да ја прослават најавата на нејзината изолација како држава од развиениот демократски свет, а не да изразуваат лажна разочараност. Би било фер јасно да кажат – „Не сакаме во ЕУ, сакаме во српско-рускиот свет, во интерес на олигарсите“. Зошто се воздржуваат јасно и гласно да го кажат она за што толку напорно работат?

Или можеби се плашат дека ова предавство од епски размери на стратешката цел на мнозинството граѓани, членството на Северна Македонија во ЕУ, ќе остане да се прераскажува од генерација на генерација, од колено на колено!?


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Преземањето е слободно.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕЕУМицкоскиМуцунскинадворешна политика
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ