• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Без експерти во просторијата: Трамп ќе се сретне со Путин во Алјаска без специјалисти за Русија во неговиот тим

August 13, 2025

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Без експерти во просторијата: Трамп ќе се сретне со Путин во Алјаска без специјалисти за Русија во неговиот тим

August 13, 2025 15:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа.

Share on FacebookShare on Twitter

Кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска, најверојатно нама да има специјалисти со експертиза за Русија и Украина покрај себе, по намалувањето на персоналот и отстранувањето на дипломати и службеници од кариера во областите на надворешната политика и националната безбедност, објави Нова Њуз повикувајќи се Фајненшл тајмс.

Како што пренесува Нова Њуз, самитот ќе се одржи во контекст во кој Трамп ја стави лојалноста пред експертизата, доверувајќи ги преговорите на личности како Стив Виткоф, инвеститор во недвижности без дипломатско искуство досега, додека Советот за национална безбедност (НСБ) е драстично намален.

„Сигурно може да се каже дека Трамп нема ниту еден креатор на политиката со познавање на Русија и Украина кој го советува“, изјави Ерик Рубин, поранешниот амбасадор и поранешен директор за Русија во НСБ за време на претседателствувањето на Џо Бајден.

Пред состанокот со висок ризик со Путин, американските владини претставници обично работеа жестоко за да се осигурат дека претседателот е добро информиран и подготвен да се справи со која било тема што може да ја покрене рускиот лидер.

Путин, кој владее со Русија четвртина век, е познат по тоа што има силно познавање на деталите и е вешт во изненадувањето на своите соговорници.

Рубин предупреди дека ќе биде потребно да се „избегне прифаќање на нешто што може да изгледа разумно на начинот на кој го претставува Путин, но што всушност е искривена реалност“.

Повеќе од 1.300 службеници на Стејт департментот беа отпуштени минатиот месец, а дипломатскиот персонал специјализиран за Русија и Украина претрпе значителни намалувања. Не се назначени вршители на должноста амбасадори во Москва и Кијив, а нема ниту помошник државен секретар за европски прашања.

 „Погрешно е да се претпостави дека повеќе персонал значи подобри резултати“, соопшти Стејт департментот, додека заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, увери дека „претседателот Трамп секогаш добива повратни информации од неговиот компетентен тим за национална безбедност“.

Кели, исто така, тврдеше дека „ССБ е порелевантен и повлијателен од кога било“ под водство на државниот секретар и вршител на должноста советник за национална безбедност, Марко Рубио.

Во 2018 година, на самитот во Хелсинки, Трамп ги доведе во прашање заклучоците на сопствените разузнавачки служби за Русија.

„Нему и на Виткоф не може да им се дозволи да импровизираат затоа што не знаат доволно“, коментираше поранешниот амбасадор Даниел Фрид пред самитот во Алјаска .

Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност, потсети дека Трамп „ретко работи подготвително“, претпочитајќи да ги следи своите инстинкти.

Самитот во Алјаска, кој Белата куќа го нарече „продлабочувачки состанок“, предизвика загриженост во дипломатските кругови за недостатокот на соодветно подготвен тим за таков состанок.

Трамп, кој ја води својата надворешна политика врз основа на инстинкт и лични односи, во понеделник изјави дека Самитот со Путин би бил „малку опуштен состанок“, додавајќи дека ќе знае во рок од две минути дали е можен напредок.

Односот на Трамп со Москва беше предмет на интензивна контрола за време на неговиот прв мандат, бидејќи повеќекратни истраги се обидоа да ги испитаат врските на неговиот предизборен тим со Русија и напорите на Кремљ да влијае на претседателските избори во 2016 година.

Д. Мишев

Tags: Анкориџ-Алјаскасамит Трамп-Путин
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ