• Latest

Без оглед дали е цитат, навредливиот назив за Ромите во насловот е говор на омраза

October 23, 2023
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Без оглед дали е цитат, навредливиот назив за Ромите во насловот е говор на омраза

October 23, 2023 15:30
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На веб страницата Рацин.мк осамна насловот „Циганка не може да биде лице на Русија“ во кој се користи навредлив назив за Ромите, што претставува говор на омраза.

Ова е оценка на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ), според чии стандарди, мора да се води сметка и кога се цитира одредена содржина, особено во креирањето на насловите. Во случајов, се работи за цитат, но не се наведува изворот, ниту се квалификува како говор на омраза. Тоа може да ја доведе до заблуда на публиката, односно да поттикне понатамошно ширење на навредливи називи и говор на омраза по етничка основа.

Така, веројатно од невнимание, од прилог кој е наменет за поддршка на слободата на изразувањето, ова станува прилог со кој се шири навредлива содржина на етничка основа.

Редакцијата/авторот на прилогот имаат обврска да објаснат за што се работи, без оглед на тоа што се работи за цитат на коментар од социјалните мрежи (во 2013 година).

Текстот објавен во Рацин.мк го споменува оригиналниот текст, објавен во 2013 година, во кој се говори за говорот на омразата со кој се соочува победничката на манифестацијата Мис на Русија, Елмира Абдрзакова, инаку етничка Татарка.

Тој текст е употребен како илустрација за работата на новинарката Алсу Курмашева, која властите ја уапсија во рускиот град Казан во јуни оваа година, под обвинение дека не се пријавила како „странски агент“, за што може да добие затворска казна до пет години.

ЦМТ


Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ) спроведува мониторинг во повеќе области, а дел од своите наоди ги објавува на медиумската платформа на организацијата.
ЦИВИЛ неодамна го обнови повикот до сите граѓанки и граѓани да ги пријават случаите на дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилство. Со тоа ќе придонесат кон спротивставувањето и справувањето со овие појави.
ЛИНК до формулар за ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ