Таксист и татко на четири деца, Иван Скајба, беше еден од групата Украинци кои ја бранеа нивната приградска улица во близина на Киев на почетокот на војната, известува Фергал Кин за вестите на БиБиСи во Десет.
Тој за влакно ја избегна смртта откако беше заробен со неговите другари од руски војници додека напредуваа кон главниот град на Украина.
Заедно со осум негови колеги заробеници, тој беше одведен во дворот каде што руските војници отворија оган во ладнокрвна егзекуција. Останатите осум мажи беа застрелани во злосторство што обвинителството го третира како воено злосторство.
Сепак, некако, Иван Скајба преживеа преправајќи се дека е мртов.
Подготви: Д.Мишев