• Latest
Фото: Марколепсија

Би пумпал и ти гулабе, ама не смееш

April 8, 2025

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Би пумпал и ти гулабе, ама не смееш

April 8, 2025 19:00
in ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СТАВОВИ
Фото: Марколепсија

Фото: Марколепсија

Share on FacebookShare on Twitter

МАРКО МАНЕВСКИ

Последниве денови ме прашуваат луѓе: „Мргуде, не се јавуваш околу овие студентски протести? Зар ова не е бунт на свеста што го посакуваше? Не си, не дај Боже, и ти ,чаци сега?“

Не плашете се, не сум преминал на темната страна. Мргуд засекогаш ќе остане во сивилото. Осветлен со светлина, загледан во темнината. Ах, колку претенциозно, нели? А што да правам, секогаш сум го замислувал Екстровертниот Мргуд како антихерој, но факт е дека е сосема небитен во севкупната распределба на нештата. Затоа сакам да му дадам важност. Како да не е доволно арогантно што пишувам за својот алтер его во трето лице?

Сега кога заврши оваа плачлива предигра, да преминеме на нешто конкретно.

Не пишував за ова бидејќи немав што да додадам.

Откако и јас станав студент (пред 20 години), постојано одевме на некакви протести, шетавме, носевме беџеви, пишувавме текстови, пеевме песни за расипаниот систем и постигнавме – едно големо ништо.

Оваа младина го прочита системот, извлече поука и наместо да протестира против власта, владетелот и партијата – тие всушност протестираат против сите нас. Ги растурија и позицијата и опозицијата на делови. Го сопреа целото општество, ги повикаа сите присутни, нè натераа да ја кренеме главата од жабурникот и рекоа:

„Доста глумење, или сите ќе станете и ќе бидете подобри од вчера, похрабри од кога било и ќе се спротивставите на злото што ни се случува, или ќе останете тука заробени во својот страв како робови оковани со ланци.“

Дали сте свесни што ставија младите на коцка? Ако сега не дојде до промени во општеството, злото ќе ги жртвува без пардон. Злото не толерира непослушност и предизвици кон својата моќ. Злото подготвува одмазда и нема да има милост. Злото се вооружа со глупост и им даде самодоверба и отворена врата на будалите. Студентите се свесни дека линијата е повлечена и дека нема враќање назад.

Затоа, ако нивната жртва ја испуштиме сега, проклетството ќе биде вечно над нас, и ни Дунав ни Сава нема да ги измијат нашите гревови. Можеби корумпираните свештеници ќе не благословуваат, но тие одамна се разделија од Христовото учење – за нив тој е само лого, име на фирма – бренд. Но на судниот ден, верувајте ми, ќе ни се суди според тоа од која страна стоевме сега. Никој нема да ве праша дали сте имале брада, дали сте постеле, мразеле геј луѓе или покривале глави – туку каде стоевте кога се бранеше вистината. Ќе ве прашаат, браќа пастири, дали се одрековте од привилегиите или ја распнавте правдата во име на некаков мир, како фарисеите. Но доста за нив, доволно ја заматија водата за да заслужат било каков текст.

Се разбира, сега се јавуваат разноразни „глави што зборуваат“, со теории, идеи, оправдувања и изговори:

„Ова нема да успее, ги надмудри веќе. Ете, го поддржува и ЕУ и сите светски сили. Се залажуваме ако мислиме дека менуваме нешто. И онака странските сили ни ја поставуваат власта. Какви мирни протести, бе? Не знаеш ни кој го организира ова, ни кој води. Мора да се упадне и да се истера баграта. Не оди вака.“

Па ако веќе знаеш како се прави, ако знаеш што е подобро – поведи ја играта, убаво мое гулапче. Ако ги знаеш сите текови, геополитиката, револуционерните методи, зошто уште живееме во темнина?

„Па брат, не е така тоа. Ма дај, и онака нема да успее. Знаеш, Америка, Русија… ма брат, кој смее, знаеш сите гледаат… после отказ, па не можеш… не би се играл со тоа.“

Е тука е тајната, гулапче мое убаво. Не смееш.

Знам дека стравот е извонреден мотиватор да бидеш кукавица, но тоа не ја менува реалноста. Престани да филозофираш како да појадуваш во Кремљ, ручаш во Брисел, а вечераш во Белата Куќа. Разноразни подкасти каде што ликови со непроверени креденцијали и преценети комичари шпекулираат со полуточни информации, тоа не ѐ сериозно информирање.

Тешко е. Знам. Израснавме во друго време. Видовме неуспех на една револуција и промена. Не веруваме во ништо. Не смееме да проговориме бидејќи сме научени да молчиме и да чуваме мир во куќата. Само да нема војна. Сите паметиме војни, бегалци, санкции, инфлација, шверц, дилери, бомбардирање, лоши ученици во џипови, професори во партали, криминалци во ударни термини, бамбиленд од гајби. Се надевавме на нешто подобро, на момент го имавме, но толку многу се исплашивме да не го изгубиме и да не се вратиме на старото, што на истото зло му дозволивме пак да не зајаше.

Погледни колку сме глупави од страв. Истите тие што го направија сето тоа зло во 90-тите, сега не плашат дека ќе биде пак исто – ако не се правиме глупи и не им дозволиме повторно да не заебаваат.

Само да нема војна. Само да нема нестабилност, неред, несигурност, да не ми ја намалат платата, да не ми го земат ова малку што ме убедуваат дека е многу. Сами себе сме се седатирале.

И наместо секој ден од прозорите на глас да викнеме:

„ПУКНА ФИЛМОТ И НЕ МОЖАМ ПОВЕЌЕ ДА ТРПАМ!“

Ние седиме и мудруваме што требало или не требало да се направи на протестите, а младите ги водат судбинските битки.

Овие клинци не паметат војни и инфлации. Не паметат ни траг од подобро време. Родени се и растат во ова зло. Го кренаа гласот, ги разбудија луѓето, имаат вистинска мотивација, вистински цели. Ништо не им значат вашите лаги за овој министер, оној претседател. Ич не им е гајле за вашите партии, црвени, сини, жолти.

Ова не е напад на власта – ова е повик на сите за одговорност. Ова е прашање на кое сите се плашиме да одговориме:

„Што ни оставивте?“

И токму затоа што ми е срам, затоа што не направивме ништон за да им оставиме подобра земја, јас ќе застанам рамо до рамо со нив. Ќе застанам и пред нив во жив ѕид ако треба. Не можам да дозволам утре моето дете да се срами затоа што сум се скрил во дупка и сум чекал. Ќе ме праша зошто ништо не сум направил, не само зошто не сум учествувал во победата, туку зошто сум дозволил пораз.

Не можам да дозволам мојот одговор да биде: „Па знаеш, не се прави така, не сакаа Америте и Русите, не знаев кој го организирал протестот.“ Имаат потполно право тогаш да ме плукнат и да ме колнат внуците на јазикот на земјата во која ќе живеат.

Сакам да верувам дека ако веќе не сум доволно храбар да поведам и викнам „по мене!“, тогаш барем имам доволно совест да се одѕовам на нивниот повик. Можеби и да не очекувам од дваесетгодишници да ги решат сите проблеми на нашето општество, колку и да ги има, и колку и да им се силни идеалите. Не да очекувам – туку да помогнам да не се стопат и нивните идеали како што се претопија идеалите на транзициските генерации.

Секако, не сакам да бидам обичен мапетовец што седи на балкон и се церека на сè околу себе. Барем не овојпат.

„Би било убаво нешто да се смени, ама не знам како, ќе видиме, треба да се биде претпазлив“ – не е животен принцип на претпазлив човек, туку злобен коментар на кукавица и профитер. Зашто ако успее – не бил против, ако не успее – не бил ни за.

Време е да се определиме, време е за поделба, мора да се знае кој е на која страна. Нема неутрални, нема набљудувачи. Единствено можно обединување е на страната против ова зло. Нема компромис со злото. Кога ќе ставиш капка кал во чиста вода – не се чисти калта, туку се заматува водата.

Студентите го покажаа патот, го запалија факелот, можеби е време ние да ја преземеме штафетата и да го растераме овој мрак.

Ама што знам, јас сум само дежурен Мргуд.


Текстот е личен став на авторот. Преземено од Марколепсија.
Tags: Екстровертниот МргудСрбијаСтудентски протести
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ