• Latest

„Биди фер“ – за детство без пречки

March 2, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Биди фер“ – за детство без пречки

March 2, 2017 12:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на кампањата „Биди фер“, која денес ќе биде претставена во Музејот на современа уметност, е подигнување на нивото на свеста за социјалниот модел на попреченост, дефиниран во Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

Кампањата која се спроведува како дел од проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и во Турција“, финансирана од ЕУ и кофинансирана од УНИЦЕФ, ќе биде претставена од министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ, Никола Бартолини и заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Елспет Ериксон.

„Сакаме да ја подигнеме свеста дека поради пречките во средината, општеството и ставовите, децата со попреченост не можат да учествуваат во општеството на рамноправна основа со другите деца“, порачуваат од УНИЦЕФ.

Кампањата чија цел е мобилизација на јавната свест и обезбедување на широка поддршка за правата и за вклучувањето на децата со попреченост во општеството и поттикнување на македонските граѓан(к)и да се идентификуваат со бариерите со кои секојдневно се соочуваат децата со попреченост.

Кампањата опфаќа „видео-снимка со скриена камера, во која се доловува како луѓето реагираат кога ги услужува аптекарски помошник што има Даунов синдром – посочувајќи дека Даунововиот синдром не ги спречува младите да го остварат својот потенцијал – но, ставовите и однесувањето на луѓето може да бидат или охрабрувачки, или да претставуваат пречка; потоа, неколку видео-материјали во кои се истражуваат предизвиците на движење низ градот, кога се користи количка, истакнувајќи како физичките бариери може да го спречат детето да учествува; и еден експеримент, каде на деца со и без попреченост, им се дава можност да ја покажат способноста за играње ‘голбол’, параолимписка дисциплина која ја играат спортисти со оштетен вид – покажувајќи како адаптираните средини го олеснуваат учеството“.

Дел од кампањата е и изработената апликација за мобилни телефони – „Без пречки“, за информирање и вклучување на јавноста во мапирање на примерите за пристапност во Македонија: пристапни згради, пешачки патеки и премини, пристапен јавен транспорт, паркинзи, детски игралишта и тоалети, пристапност и еднаков третман за лицата со оштетен слух.

Tags: „Биди фер“Делегација на ЕУдеца со попреченосткампањалица со попреченостМинистерство за труд и социјална политикаУНИЦЕФ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ