Новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, вчера беше промовиран во скопското кино „Милениум“, кој е во американско-германска копродукција.
Пред премиера на филмот, беше прикажан и петминутниот филм на Манчевски „Крајот на времето“. На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на „Бикини Мун“, како и Милчо Манчевски, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, британецот Дејвид Манс. Присуствуваа и бројни актуелни и поранешни функционери, луѓе од бизнис сферата, ценети професори, актери, режисери, продуценти, музичари и новинари.
Според Манчевски, „Бикини Мун“ е современа трагедија, која според својата структура претставува филм во филм, лажен синема верите документарец.
Главните улоги во филмот ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Оридхаран и Микал Мишел Харис.
„Бикини Мун“ од денеска е на редовен репертоар во кино „Милениум’ со проекции од 20 и 22 часот.
А.П.