Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, изјави дека повеќе би сакал да потроши пари за спасување животи на Земјата отколку да патува на Марс, објави Би – Би – Си на својот инстаграм профил.
Всушност, многу е скапо одењето на Марс. Можете да купите вакцини против сипаници, и да спасите животи за 1000 долари за еден спасен живот, вели Гејтс.
Прикажи ову објаву у апликацији Instagram
„И така, [тоа] само некако ве приземјува, како – не одете на Марс, изјави Гејтс.
Во интервју за Би-Би-Си, Гејтс исто така рече дека вештачката интелигенција „прилично драматично“ ќе го трансформира човештвото.
„Тоа ќе ни помогне да ги разгледаме медицинските и научните прашања.
Гејтс помина голем дел од својот живот како најбогат човек на светот.
Тој неодамна даде десетици милијарди фунти за филантропски цели, често насочени кон глобалното здравје.
Подготви: Д. Мишев