Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), во четврток на 9 март, во 12 часот во хотелот „Холидеј Ин“ ќе организира тематска дебата за странските инвестиции во Македонија.
Учесници на дебата на која ќе бидат дискутирани повеќе аспекти од политиките за привлекување на странските инвестиции во Македонија – успешноста на ваквата политика на Владата, степенот на реализација на странските инвестиции и ефектите од истите, ќе бидат професорите Марјан Петрески и Абдулменаф Беџети и новинарите кои ја следат економската проблематика Анета Додевска и Александар Јанев.
На настанот на кој се поканети новинари, претставници на граѓански организации и стопански комори, како и претставници на академската заедница, детално ќе се презентираат податоците до кои дојде истражувачкиот тим на БИРН во серијата истражувања на оваа област, како и најновата, ажурираната состојба базата на податоци „Странски инвестиции под лупа”, според која, во изминатите десет години, во Македонија се инвестирани седум пати помалку од најавените инвестиции и реализирани се само околу 20,000 вработувања, од ветените – над 60,000 работни места.