• Latest

Бислимоски: За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

February 29, 2024
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: За 35 отсто се намалува цената за потрошена топлинска енергија за деловните корисници во град Скопје

February 29, 2024 12:54
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 35 отсто ја намали цената на парно греење за сите деловни корисници во Град Скопје. Одлуката за намалување на цената, како што рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, се темели на намалувањето на цената на природниот гас на светските берзи.

– Резултатите покажаа дека во изминатиот период цената на природниот гас на берзата е пониска од предвидената со што се исполнуваат условите да се донесе поволна одлука за категоријата останати корисници, кои, пак, во турбулентниот период на енергетската криза го преземаа товарот и добиваа реални сметки за разлика од домаќинствата, кои во цел овој изминат период на енергетска криза добиваа сметки со субвенции. Верувам дека со тоа ќе овозможиме и тренд на зголемување на бројот на нови потрошувачи коишто се од категориите пред се на деловни корисници, рече Бислимоски, пренесува МИА.

Со новата одлука, како што кажа, ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции со што пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

Засега, како што посочи, нема да се намалуваат сметките за потрошена топлинска енергија на домаќинствата зошто се субвенционирани од страна на Владата со 20-тина проценти. ЕСМ, додаде, веќе ги има добиено субвенциите за домаќинствата до крајот на грејната сезона.

-Цената за домаќинствата во овој момент е за 75 проценти пониска отколку цената на деловните корисници. Претходно таа разлика беше некаде 2,7 пати. Ја пратиме ситуацијата на пазарот за природен гас и доколку се исполнети условите апсолутно ќе пристапиме кон носење на нова одлука и за цената на домаќинствата. Субвенциите се обезбедени, префрлени се на сметката на ЕСМ и сите сметки до крајот на грејната сезона ќе ги субвенционира, рече Бислимоски во одговор на прашање дали може да се очекува да се намалат и сметките за домаќинствата.

Нагласи дека РКЕ не сака да влијае на ниту еден начин на случувањата на политичката сцена кои ќе престојат во наредниот период.

-Не сакаме да бидеме сфатени погрешно. Ова го правиме за да им помогнеме на општините, на државните институции и на деловните корисници да им се намалат нивните трошоци за топлинска енергија, бидејќи реално тие го понесоа најголемиот товар во текот на енергетската криза и на некој начин тие со повисоката цена што ја имаат од домаќинствата, ги субвенционираа стабилните цени за топлинска енергија во градот Скопје, нагласи Бислимоски.

Според податоците на РКЕ, вкупно 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија во град Скопје, а само од стартот на грејната сезона до сега се приклучени околу 1.000 нови корисници.

Tags: БислимоскипарноРКЕструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ