• Latest

Битиќи: Ако трговците не ги намалат цените, владата ќе ги замрзне

March 15, 2023

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Битиќи: Ако трговците не ги намалат цените, владата ќе ги замрзне

March 15, 2023 13:03
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Очигледно така сме навикнати во нашето општество, секогаш е последниот ден, дури и кога е за добра работа. Мислам дека го чекаат последниот ден, но утре наутро ќе ги видиме цените, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи дали е послушана одлуката на Владата за намалување на цената на млекото и млечните производи во продавниците која треба да се применува од 16 март.

Битиќи рече дека анализата на движењата на пазарот покажува дека со завршување на грејната сезона во Европа, и цените на берзата почнале да паѓаат речиси за сите прехранбени производи затоа што, рече, очигледно справувањето со економската криза и кризата со храна во цела Европа беше успешна операција и резултатите се веќе видливи.

Прашан дали ќе има намалување т.е. замрзнување на цените и на други прехранбени производи кои не спаѓаат во основни, како на пример зеленчукот и овошјето, тој порача дека и нашите трговци и производители ќе треба да ги следат тековите во светот.

– Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Цените ќе треба да паѓаат. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи – леб, тестенини, млеко и млечни производи, навестивме низа други продукти, ќе ги следиме и другите производи, и ако трговците и производителите сами не реагираат – има јасна порака од Владата: граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните, истакна Битиќи одговарајќи на новинарски прашања пред трибината со млади „Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“.

Дали и какви санкции би имало за тие што нема да ги намалат цените, тој одговори дека замрзнувањето на цената е доволно како мерка и е и најтешка одлука за нив.

–Во пазарна економија мора да има морал и етика. Ако тие тоа не го спроведат, тогаш Владата ќе ги спроведе мерките што треба да бидат преземени – замрзнување на цените, што е најтешката можна одлука за еден произведувач или трговец. Но, според сите пресметки, не сме нанеле штета со замрзнување на цените, рече вицепремиерот за економски прашања

Tags: Битиќизамрзнувањемеркицени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ