• Latest
Фото: миа.мк

Битиќи: Економијата не може да чека на долгорочни решенија за работната сила, потребни се работници веднаш

March 30, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Економијата не може да чека на долгорочни решенија за работната сила, потребни се работници веднаш

March 30, 2023 13:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Увозот на работна сила не може да биде долгорочно решение во ниту една земја, но економијата не може да чека со години на долгорочни решенија, туку и е потребна работна сила веднаш, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Во одговор на новинарско прашање по обраќањето на регионалната конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“, што ја организира Стопанската комора на Северна Македонија, рече дека работодавачите доколку можат би понудиле повисока плата за да ги привлечат невработените да ги прифатат работните места што се нудат на пазарот на труд.

-Во последните три години платите се повисоки од тие што биле претходно, но во Агенцијата за вработување денеска има 9.628 слободни работни места. Пред само една недела слободни беа 7.500 работни места, рече Битиќи. Нагласи дека во Агенцијата за вработување се регистрирани 115.000 невработени.

Слободните работни места, според Битиќи, треба да се пополнат од таму, но за жал не се пополнуваат.

– Во ниту една земја долгорочно решение не е увоз на работна сила, но економијата не може да чека на долгорочни решенија кои се пет до десет години. Што ќе прави економијата ако пет години не се пополнат овие работни места – тоа ќе значи затворање на компаниите. Овие работни места се отворени затоа што се потребни за компаниите да ја обезбедат примарната дејност за кои се регистрирани, посочи Битиќи.

Нагласи дека сегашната состојба со работната сила во земјава е последица на работата на некои функционери кои почнале да работат во 1991 година.

-Веројатно таму лежи одговорот на тоа што денеска го зборуваме. Не можам да бидам одговорен за однесувањето на некој пред 20, 30, 10 или  пред пет години, потенцира Битиќи.

Tags: Битиќиработна сила
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ